Истражувањa

База на податоци: Анекс договори за јавни набавки

Анекс договорите во изминатите три години се склучувани главно во сферата на градежните работи

Анекс договорите се склучуваат со компанија со која институцијата веќе има договор за набавка на стоки, услуги или за изведување на градежни работи. Согласно Законот за јавни набавки вредноста на анекс договорите не може да биде повисока од 30% од вредноста на основниот договор. Анекс договорите во изминатите три години се склучувани главно во сферата на градежните работи. Оттука нивното намалување од година во година меѓу другото е резултат на намалените градежни активности.