Macedonian way of doing business

Изминатата недела два настани ми привлекоа внимание и кои морам да ги опишам и споделам со цел да го презентирам македонскиот менаџерски менталитет, како и нивниот начин на работа, па да заклучиме потоа дека нормано некој друг ни е крив за тоа каде се наоѓаме во моментов.

Имено, во првиот случај сум директно засегнат и се работи за начинот на работење на една туристичка агенција. Во дотичната агенцијата уплатив аранжман за летен одмор, но во меѓувреме се појави заразна болест во градинката каде моето дете иде и не бевме сигурни дали се заразило или не, па така ја информиравме агенцијата за можноста да не патуваме на одмор поради горенаведената причина 12 дена пред поаѓање. Нивниот одговор беше, ние не можеме ништо да сториме, ако не патувате парите ќе ви пропаднат. Сепак, мислејќи дека се ќе биде во ред ја уплативме целата сума и се спремавме за одмор. Но 3 дена пред поаѓање детето се разболе, доби сипаници и немаше никаква можност како да патуваме. Повторно ја информиравме агенцијата за овој наш проблем, и добивме генијален предлог -најдете некој друг да ве замени, т.е да патува наместо вас или ќе ви пропаднат парите. Едноставно генијално! Исто така таа агенција заборави да ни каже дека треба да ни врати дел од парите поради откажување на аранжманот и плус дополнителни средства поради виша сила (болест). Кога им се укажа на сето тоа, нивниот одговор беше ќе видиме, ќе ве контактираме. И така тоа трае тоа, се` уште не контактираат, иако им се јавив барем 15 пати и испратив неколку имејл пораки. Да понудат решение за овој проблем, на пример, е сулудо, глупости. Типичен македонски бизнис менталитет, не ги интересира ништо, освен да заработат пари на нечесен начин, да мислат само за денес, а не за утре, и фала богу не ги интересира да стекнат долготраен клиент, туку наједноставно во буквална смисла да го заколат еднаш.

Вториот случај е со еден мој клиент. Компанијата имала потпишано договор за соработка со една текекомуникациска компанија за закуп на интернет за период од 1 година. Договорот истекува, фактурите се уредно платени, а телекомуникациската компанија продолжува да испраќа фактури секој месец. Се` е тука во ред, се` до моментот до кога мојот киент им праќа допис во кој ги информира дека договорот е истечен, дека се платени сите фактури, и дека бара да се деактивира сервисот. Компанијата му возвраќа со допис во кој му вели: вие имате долг и сервисот не може да се деактивира без да се плати долгот. Иронијата да биде поголема, во истиот оператор користи и мобилна телефонија, и за неплатени фатури за два месеци му ги искулучуваат линиите. Не можам да разберам, за едно може, а за друго не. Исто така не можам да ја разберам компанијата, на сите повици и имејл пораки го одговораат истото – иако немаме договор и договорот е истечен вие морате да ги платите фактурите, соработката се подразбирала иако некаде не стои тоа. Ова е за Рипли!

Во една телевизиска дебата кажав дека македонските бизнисмени постојано се жалат на големите казни, на инспекциите кои постојано ги казнувале а они не биле криви. Оној што работи професионално, чесно и што би се рекло by-the-book и секогаш е свртен кон клиент нема од што да се плаши, и успешен е, знае дека работи правилно.
Се надевам дека овој macedonian way of doing business ке стане ендемски вид и ќе исчезне засекогаш, а во меѓувреме се надевам дека ќе добијат такви високи казни од надлежните што ќе ги научи на памет.