Анализи

Борбата меѓу Милошевиќ и Ѓинѓиќ трае долги години по нивната смрт

Предлогот за поставување на споменик на починатиот моќник, Слободан Милошевиќ, но и на убиениот реформистички премиер на Србија, Зоран Ѓинfиќ, покажува дека политичката битка меѓу нивните идеали и денес е присутна во оваа држава.

Миленко Васовиќ | Белград

Со датумот на својата смрт, Слободан Милошевиќ, го поткопа чествувањето на починатиот премиер на Србија, Зоран Ѓинѓиќ.

Милошевиќ почина на 11 март 2006 година во Хашкиот трибунал, додека Ѓинѓиќ беше убиен на 12 март 2003 година.

Така, со игра на судбината, Милошевиќ посмртно му се „одмазди“ на Ѓинѓиќ за поразот што од него го претрпе на изборите во 2000 година, но и поради тоа што го екстрадира во Хашкиот трибуналот во јуни 2001 година.

Со години, следбениците на Милошевиќ, директно или индиректно, се мешаат во одбележувањето на сеќавањето за убиениот Ѓинѓиќ. Тоа не беше исклучок ниту оваа година.

На 9 март неговите поддржувачи поднесоа барање до белградските власти, за поставување на споменик во чест на нивниот „херој“ и именување на една од улиците во Белград, по него.

„Режимот на Милошевиќ остави зад себе гробови, санкции и безнадежност, а владата на Ѓинѓиќ повторно ја врати надежта.Поставувањето на споменици на двајцата, од Србија ќе направи шизофренична заедница“.

Овој потег создаде притисок врз властите во главниот град на Србија, кои во март 2017 година, на иницијатива на тогашниот премиер, Александар Вучиќ, објавија конкурс за идејно решение за споменикот на Ѓинѓиќ.

Така се создаде атмосфера во која е логично дека ако Ѓинѓиќ има споменик и улица, тогаш и Милошевиќ треба да го има истото.

Како двајцата да се бореа за истите вредности, а всушност, нивните вредности и нивните политики беа сосема спротивни.

Милошевиќ излезе од под комунистичкото палто на Јосип Броз Тито, додека Ѓинѓиќ беше дел од демократска граѓанска Србија. Милошевиќ создаде војни, а Ѓинѓиќ донесе мир.

Режимот на Милошевиќ остави зад себе гробови, санкции и безнадежност, а владата на Ѓинѓиќ повторно ја врати надежта.

Зоран Ѓинѓиќ во 1997 година, во времето кога беше градоначалник на Белград и лидер на Демократската партија. Фото: ЕПА

Поставувањето на споменик на едниот од нив, ја исклучува глорификацијата на другиот. Поставувањето на споменици на двајцата, од Србија ќе направи шизофренична заедница.

Ништо не може да се спаси од она што Милошевиќ го „изгради“, додека многу работи што Ѓинѓиќ се обиде да ги направи – се уништени. Но, најважното нешто остана – курсот на Србија кон Европската унија.

Сепак, постои мала шанса да се продолжи по овој курс, и покрај преговорите за пристапување во ЕУ, затоа што овој пат тоа не зависи од персоналот на Ѓинѓиќ, туку од оној на Милошевиќ. Тоа би било исто како на каталонските сепаратисти, да им го доверите зачувувањето на интегритетот на Шпанија.

Иако конфликтот меѓу Милошевиќ и Ѓинѓиќ заврши со нивната смрт, дуелот продолжи меѓу нивните соработници и следбеници.

И натаму постои спор помеѓу политиката на Милошевиќ и на Ѓинѓиќ – или со други зборови, помеѓу визијата за Србија на Милошевиќ и на Ѓинѓиќ. Во овој спор, Ѓинfиќ тргна кон уште еден пораз.

Нема кој да се бори за Ѓинѓиќ и за неговите идеи. Неговите следбеници немаат моќ, а неговите соработници се или поразени или отстранети од власт, како поранешниот претседател, Борис Тадиќ, или ја смениле страната и заминале со Вучиќ и неговата владејачка Српска напредна партија – како што е тоа случајот со Горан Весиќ и Синиша Мали.

Еден од ретките кој беше и остана поддржувач на Ѓинfиќ, е Зоран Живковиќ, човек кој, по убиството на Ѓинѓиќ, беше кратко на чело на владата на Србија.

„Поставувањето на споменик на Милошевиќ, еден од разорувачите на Југославија, човек чија политика ја опустоши Србија и нејзиното опкружување, би било исто, како по втор пат да го убиете Ѓинѓиќ“.

Кога станува збор за Миошевиќ, работите се сосема поинакви.

Србија денес ја водат ученикот на Милошевиќ, Ивица Дачиќ, денес прв човек на Министерството за надворешни работи и лидер на Социјалистичката партија на Србија, некогашниот коалициски партнер на Милошевиќ, Александар Вулин, денес министер за одбрана, и Александар Вучиќ, сегашен претседател на Србија.

Постојат и тајните служби, кои не се реформирани и армија на бирократи од времето на Милошевиќ.

Со цел да се разбере целата ситуација, треба да знае дека Томислав Николиќ и Воислав Шешељ, поранешни колеги од националистичката Српска радикална партија и политички „родители“ на Александар Вучиќ, моментално најмоќниот човек во Србија, го најавија убиството на Ѓинѓиќ и ликуваа кога оваа вест беше објавена.

Самиот Вучиќ, во 2007 година, заедно со неговите тогашни сопартијци од Српската радикална партија, поставуваше улична табла со името на Ратко Младиќ, врз таблата на булеварот „Зоран Ѓинѓиќ“, кој го доби името на починатиот премиер, по неговата смрт.

Кога Милошевиќ почина, Вучиќ, Николиќ и сопругата на Шешељ, кому во тоа време му се судеше во Хашкиот трибунал, почесно стоеја до неговиот ковчег.

Слободан Милошевиќ ги поздравува своите поддржувачи во 2001 година. Фото: ЕПА/Коча Сулејмановиќ

И што е најважно, силите кои денес се на власт, целосно го вратија популистичкиот начин на владеење на Милошевиќ.

Луѓето живеат во страв и сиромаштија, еден човек ги носи сите одлуки, а конфликтите со оние кои имаат различни ставови, се одржуваат и подгреваат.

Слободата на медиумите е на најниско ниво досега, а правосудниот систем и другите институции обично работат по партиски директиви.

Единственото нешто што Вучиќ не го поддржа – од прагматични причини – беа воените конфликти и спорови на Милошевиќ со Запад.

Тогаш, зошто некој, како Вучиќ, би предложил да се подигне споменик на Зоран Ѓинѓиќ?

Од две причини: Прво, да покаже дека тој е променет и еволуирал, дека од противник станал поддржувач на интеграцијата во ЕУ и дека од противник на Ѓинѓиќ, станал негов поддржувач. Второ – што е можеби и поважно – тоа ги нервира поддржувачите и соработниците на Ѓинѓиќ.

Тие можеа да подигнат негов споменик додека беа на власт од 2003 до 2012 година, но тоа не го направија – што е дополнително понижување.

Една од причините зошто тие не му подигнаа споменик на Ѓинѓиќ е поради тоа што Вучиќ и неговите партиски колеги, ќе го урнеа споменикот, како што се обидоа да го сменат името на булеварот „Зоран Ѓинѓиќ“.

Предлогот да се подигне споменик на Милошевиќ и да се именува улицата по него, не беше поднесен за да биде одбиен, а не дојде ни до осуда од страна на членовите на кликата на Вучиќ.

Тие молчат и не е исклучено дека во еден момент ќе се тргне во акција со проектот за чествување на Милошевиќ – од истите причини како и со поставувањето на споменик на Ѓинѓиќ, да се вознемират поддржувачите на поранешниот премиер и демократската јавност. И, се разбира, да се одржи општествената напнатост.

Поставувањето на споменик на Милошевиќ, еден од разорувачите на Југославија, човек чија политика ја опустоши Србија и нејзиното опкружување, би било исто, како по втор пат да го убиете Ѓинѓиќ.

Неговото убиство, сепак, беше овозможено од она што тој не го направи додека беше жив и беше на власт: лустрација – привремено или трајно отстранување од политичкиот живот на членовите на екипажот на Милошевиќ, на неговиот кадар, на неговите коалициски партнери и тајни служби.

Иако не беа на власт неколку години, сите се вратија, некои од нив со овча кожа на себе, а под неа и понатаму се волци.

Миленко Васовиќ е познат српски новинар и уредник во дневниот весник „Данас“.

Мислењата изразени во овој коментар се мислења на авторот и не ги одразуваат ставовите на БИРН.