Флеш Вести28/04/2017 09:47

Десетина демонстранти преспаа пред Собранието

Пред македонското Собрание утрово е мирно, по вчерашните насилни протести, a на тревникот пред парламентарната зграда има поставено неколку шатори.
 
Во моментов има само десетина демонстранти, но тие велат дека ќе дојдат многу повеќе луѓе откако ќе заврши работното време. Агресивни се кон новинарите и не дозволуваат снимање или фотографирање. “Одете во Албанија да снимате”, ни довикнаа на нас и на екипата од Телма кога ја фотографиравме скршената брава од предниот влез на Парламентот.
 
Полицајците не пуштаат во Собранието, бидејќи внатре се врши увид, а од задната страна на законодавниот дом пристигнаа и неколку блиндирани џипа со специјалци.
 
Повеќе за вчерашните насилни инциденти во Собранието може да прочитате тука.