Флеш Вести30/09/2018 21:47

Хан: Очекувам политичките лидери да ја почитуваат волјата на народот

„Им честитам на оние граѓани кои гласаа на консултативниот референдум и ја искористија нивната демократска слобода. Со голем број на „за“ гласовите, постои широка поддршка за Договорот од Преспа“, соопшти еврокомесарот за проширување Јоханес Хан .

„Сега очекувам сите политички лидери да ја почитуваат оваа одлука и да постапат со најголема одговорност и единство независно од партиските линии, бо интерес на земјата“, напиша на својот Твитер налог еврокомесарот Хан.