Вести

Хонорарците протестираат против зголемените давачки

Хонорарните работници се против законските измени со кои од први јануари ќе треба да издвојат плус една четвртина од своите примања на сметка на државата за придонеси. Со тоа давачките од хонорарот ќе се изедначат со оние на платата и ќе изнесуваат над 35 проценти. Протестот започнува во паркот „Жена борец“, продолжува кон Собранието и Владата

Преведувачи, актери, музичари, новинари, претставници на невладини организации и здруженија на граѓани,

Протестот започнува од паркот „Жена борец“ во Скопје, продолжува од пред Собранието на Република Македонија кон Министерството за труд и социјална политика и потоа пред зградата на Владата | Фото: М. Јордановска

Протестот започнува од паркот „Жена борец“ во Скопје, продолжува од пред Собранието на Република Македонија кон Министерството за труд и социјална политика и потоа пред зградата на Владата | Фото: М. Јордановска

синдикати денеска на пладне го почнуваат својот протест против наплатата на придонеси од хонорари, што треба да започне да се применува од први јануари или за десетина дена.

Протестот започнува од паркот „Жена борец“ во Скопје, продолжува пред Собранието на Република Македонија па кон Министерството за труд и социјална политика и потоа пред зградата на Владата. Станува збор за мирен протест, без партиски и други симболи.

Оправдувањето на власта е дека измените се во правец на зачувување на работничките права. Но, организаторите посочуваат дека давачките се зголемуваат за да се пополни дупката во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а на сметка на тоа работниците ќе ги изгубат своите права преминувајќи од редовно вработени во хонорарци.

Како што соопштија од Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) „до протестот доаѓа откако барањето средба со ресорното министерство за запирање на примената на измените за плаќања за хонорарите не наиде на одговор и Владата остана на решението за кое сметаме дека дополнително ќе го осиромаши најзагрозениот дел од работниците – оние кои не можејќи да најдат редовно вработување се принудени да се борат за својата егзистенција работејќи за хонорар, кој најчесто не е ниту редовен ниту висок“.

Според професорот по економија на Универзитетот Американ колеџ, Марјан Петрески статистиката покажува дека мнозинството хонорарци се лица без постојано вработување и оваа реформа ќе ги втурне во уште поголема сиромаштија.

„Тоа се главно луѓе кои живеат во некаква релативна сиромаштија и кои чекаат да им капне од едно или друго

Тоа се главно луѓе кои живеат во некаква релативна сиромаштија и кои чекаат да им капне од едно или друго место за да може да го поминат месецот, вели професорот Марјан Петрески | Фото: Facebook.com/M.Petreski

Тоа се главно луѓе кои живеат во некаква релативна сиромаштија и кои чекаат да им капне од едно или друго место за да може да го поминат месецот, вели професорот Марјан Петрески | Фото: Facebook.com/M.Petreski

место за да може да го поминат месецот. За нив, дополнителните 25% што ќе треба да ги издвојуваат за социјални придонеси значајно го намалуваат расположливиот доход и дополнително ги втурнуваат во сиромаштија“, посочува тој.

Петрески набројува повеќе проблеми кои што би ги продуцирала ваквата новина: ќе ги наруши работните односи, вработените ќе се преточат во хонорарци, а и владата ќе се соочи со проблеми при имплементацијата на реформата.

„Прво, хонорарците немаат право на годишен одмор, К-15,

боледување и сè друго што како право произлегува од работниот однос. Значи, тие по однос на трошоците ќе бидат изедначени со редовно вработените,

Според премиерот Никола Груевски, наплатата на придонеси на хонорарите ќе ги зачува правата на работниците и се прави во скоро сите земји во Европа

но не и по однос на бенефициите. Второ, ако работодавецот не треба да ги даде овие бенефиции, тогаш може да се случи спротивното од очекувањата на владата, наместо хонорарните работни места да се преточат во постојани, постојаните да преминат во хонорарни. Трето, самата влада ќе се соочи со проблем при администрирањето на реформата, кое подразбира сите договори да се депонираат во одредена институција, па таа да проверува дали износот е над или под минималната плата, па да го проверува времетраењето на договорот, па да пресмета дали некој треба да доплати или да му се врати натплатениот придонес. Значи, реформата ќе ја намали ефикасноста на јавната администрација во спроведување на други поважни реформи“, вели Петрески.

Од друга страна премиерот Никола Груевски, коментирајќи ги измените го тврди токму спротивното, односно дека наплатата на придонеси за хонорарните работници ќе ги зачува правата на работниците.

„Прво, плаќањето на придонеси на хонорарите се прави речиси во сите земји во Европа. Дали има две, три или четири држави во Европа во кои не се плаќа придонес на хонорарите, во сите други се плаќа. Второ, и можеби клучно, е што неплаќањето на придонеси на хонорарите ги стимулира работодавачите да не ги вработуваат луѓето туку да ги држат на хонорар. Тоа не е добро за луѓето, затоа што секогаш се во неизвесност дека може да бидат отпуштени или да им биде прекинат договорот за хонорар, и немаат правен начин да се борат за нивното работно место”, рече премиерот Груевски.

Од Министерството за труд и социјална политика посочија дека со измените се отстранува можноста да се сопре манипулацијата на вработените од страна на некои работодавци „кои се грижат само за сопствениот профит“.

„Со овие измени ќе се спречи манипулативната појава на дел од платата на работниците да се плаќаат придонеси, а на останатиот дел да се исплаќа хонорар преку авторски договор или договор за дело”, соопштија од Министерството.

Измените предвидуваат придонеси од дополнителни 25 проценти за пензиско и здравствено осигурување да се плаќаат за сите примања по договори на дело или авторски договори кои го надминуваат износот на минималната плата, односно 9.590 денари. Заедно со персоналниот данок на доход од 10 отсто, со новите давачки оптоварувањето на хонорарите ќе изнесува над 35 проценти од бруто износот.

Иако првично беше предвидено придонеси на хонорарите да не плаќаат јавните функционери, врвните спортисти, волонтерите и пензионерите, од Министерството за труд објавија дека сепак измените ќе важат за сите, освен за пензионерите.