Флеш Вести28/04/2017 10:55

Обвинителство: Будно ги следиме настаните

Основното јавното обвинителство, со кое раководи Марко Зврлевски, денеска ја извести јавноста дека будно ги следи настаните.

„Се преземаат дејствија за расветлување на настаните и утврдување на фактите. Согласно своите надлежности, Јавното обвинителство ќе постапува во сите случаи каде ќе биде утврдено постоење на елементи на сторено кривично дело и за секој од настаните по документирањето ќе биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука“, се вели во соопштението.

Како што велат оттаму во текот на вчерашниот ден биле воспоставени и вонредни дежурства.