Флеш Вести12/04/2017 10:20

Катната гаража „Смилевски конгрес“ достигна сума од 4,7 милиони евра

Втор пат изведувачите на катната гаража „Смилевски конгрес“ кај Музејот на жртвите на холокаустот се соочуваат со „непредвидени работи“, па инвеститорот АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор мораше да склучи нов договор со преговарање, без да се распише оглас.

Новиот договор тежи над 220 илјади евра и се однесува на градежно занатски, хидроинсталации, електроинсталатерски работи, вентилација на тоалети и информациски ознаки.

Италијанската градежна компанија „Сциентиа Срл“ лани во септември исто така се соочи со непредвидени работи, па инвеститорот склучи непосреден договор од 242 илјади евра. Во 2014 пак, беше склучен договор за дополнителни работи, односно за  заштита на градежна јама со претходниот изведувач „Ламоне Мореда“ во висина од 222 илјади евра. 

Со тоа само непредвидените  и дополнителни работи за изградба на катната гаража до Музејот на холокаусотот достигнаа сума од над половина милион евра.

Катната гаража се уште е во изградба, а досега чини 4,7 милиони евра.