Флеш Вести07/04/2017 13:37

Ќе следуваат санкции за трујачите

Полицијата ќе работи на терен за да лоцира кој расфрла отров по улиците, со цел да труе миленици. На денешната средба меѓу командирот на полициската станица Центар Дарко Милевски, здруженијата за заштита на животни и градоначалникот на Центар Андреј Жерновски беше соопштено дека за овие дела ќе следуваат законски казни.

„Тоа претставува кривично дело. Ќе нема толеранција, ќе следуваат санкции“, изјави Милевски.

Во последниве десетина дена отров се расфрла низ речиси сите населби, претежно во паркови и во близина на детски игралишта. Отруени беа десетици животни, но отровот претставува опасност и за луѓе.  

На состанокот беше упатен апел секој што ќе забележи како се расфрла отров или ако забележи расфрлена храна по парковите или игралиштата, веднаш да пријави во полиција.