Флеш Вести21/12/2017 11:35

Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ сепак ќе се одржи

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера го отфрлил писмото потпишано од триесетина високи партиски членови кои бараа одложување на конгресот на партијата во Валандово закажан за во сабота, каде што треба да се избере нов лидер. Ова и преку соопштение го потврди партијата. 

„Извршниот комитет дискутираше во врска со јавно објавената иницијатива од страна на повеќемина актуелни и поранешни функционери. Иницијативата објавена во медиуми не доби поддршка од Извршниот комитет кој одлучи истата да не ја предложи на денешната седница на Централниот комитет на партијата“, стои во соопштението. 

Конгресот на партијата во Валандово ќе се одржи на 22 и 23 декември. 

Рокот за поднесување на кандидатури за нов лидер на партијата истекува денеска во 15 часот. Засега е извесно дека трката за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја водат Христијан Мицкоски, кој веќе има собрано над 300 потписи за поддршка и Филип Петровски.