5. Автори на написите

Помалку непотпишани написи: Авторите на написите во 2016 година биле потпишани во 56% од написите, за разлика од 2013 година кога овој процент изнесувал 49%. Непотпишани во 2013 година биле 25% од написите, а во 2016 година овој процент паднал на 15%.

Во повеќе од половина од написите (56%) кои се однесуваат на темите од поширок општествен интерес, авторот е познат и тој е потпишан со целото име и презиме. Во малку повеќе од четвртина од написите авторот е потпишан само со иницијали (13%) или воопшто не е познат (15%). Во 13% од написите, авторот е потпишан само со иницијали. 1% од написите се преземени од друг медиум, а 14% ги чита водителот.

Сè уште високиот процент на написи во кои авторот не е познат или е потпишан само со иницијали (42%), произлегува оттаму што најголем број од написите, жанровски, се кратки вести и во такви случаи, вообичаено, авторите не се пишуваат, се пишуваат само со иницијали или тие вести ги чита водителот.

Споредено со 2013 година, во 2016 година има подобрување и од аспект на поголемо легитимирање на авторите на написите. Во 2016 година авторот е целосно потпишан во 56% од случаите (49% во 2013 год.). Значително е помал бројот на содржини во 2016 година во кои авторот не е потпишан (15%), за разлика од ваквите написи во 2013 година (25%). Објавувањето на авторите на новинарските текстови се смета дека значително придонесува кон градење на кредибилитетот на соодветниот медиум, зголемувајќи ја довербата на граѓаните во него. Спротивно, непотпишаните содржини губат на релевантност и оставаат простор за сомневање дека основната причина за објавување одреден текст не е објективното информирање на граѓаните.