Регион

ООН „да ги обештети жртвите на труење со олово во Косово“

ООН не им исплатила отштета на жртвите на труење со олово, во камповите на оваа организација, кои беа формирани за лицата раселени во и по војната во Косово, поради што нивните семејства се оставени сами да се грижат за нив.

Марија Ристиќ, Белград

Камп за Ромите во северно Косово. Фото: Атдхе Мула/БИРН

Во последниот извештај на Хјуман рајтс воч (ХРВ), кој беше објавен во четврток, Обединетите нации се повикуваат да им исплатат индивидуален надомест на Ромите кои биле жртви на контаминација со олово, во камповите на ООН за интерно раселени лица во Косово.

Надоместокот ќе им овозможи на жртвите да се справат со долготрајните последици од изложеноста на олово, се вели во извештајот.

„Обединетите нации треба да ги следат препораките на своите експерти и да им исплатат на жртвите и на нивните семејства обештетување, што тие со право го заслужуваат”, рече Катарина Рал, истражувач на ХРВ за животна средина.

„Како ООН можат да очекуваат да вршат ефикасен притисок врз владите, да преземат одговорност за нивните злоупотреби, ако одбиваат да ја направат вистинската работа, кога станува збор за штетата што самите ја предизвикале?”, Праша Рал.

беа подигнати во близина на топилницата Трепча, за која уште од 1970 година се знае дека е причина за загадување на непосредната околина со олово и други форми на токсични загадувања.

Камповите требаше да обезбедат само привремено сместување до 90 дена, за лицата раселени поради војната во Косово, која се водеше од 1998 до 1999 година, но, тие функционираа неколку години.

ООН во 2016 формира Советодавен панел за човекови права, со цел да ги испита тврдењата дека Мисијата на ООН на Косово (УНМИК), е одговорна за изложеност на ромските семејства на труење со олово во камповите.

Панелот го повика УНМИК јавно да го признае својот пропуст да се усогласи со основните стандарди за човекови права, како одговор на негативните здравствени услови предизвикани од оловото во камповите за раселени лица, како и да им плати компензација на жртвите, за материјална и морална штета.

Сепак, на ООН во мај оваа година одлучи да формира фонд за олеснување на иницијативите во заедницата, со цел финансирање на “проекти за асистенција“, од кои придобивки ќе имаат „пошироките заедници на Ромите, Ашкалите и Египќаните“.

Во својот извештај, ХРВ наведува дека самото ветување на ООН за финансирање на проекти за помош на заедниците, “значи дека, во најдобар случај, сите пари уплатени во фондот, ќе бидат искористени за пружање на општи услуги, кои нема да им донесат конкретна корист на луѓето погодени од труењето со олово и оти нема непосредно да ја нема посебно да имаат корист, а не непосредно да ја надомести предизвиканата штета“.

Според ХРВ, чии членови разговарале со жртвите на труење и со нивните семејства, со лекари, адвокати и со организации кои ги поддржуваат Ромите, „многу од погодените, вклучувајќи ги и децата, имаат голем број на здравствени проблеми, како што се напади, болести на бубрезите и губење на памтењето, кои се вообичаени долгорочни ефекти од труење со олово“.

Во извештајот се наведува дека многу ромски, ашкалиски и египетски семејства од северниот дел на Косово, кои биле интервјуирани, имаат потреба од финансиска и социјална поддршка.

Некои родители изјавиле дека не можат да си дозволат лекарства или здрава храна за нивните деца, кои биле погодени од труењето, додека други семејства биле очајни, бидејќи на децата во училиште, кои се борат со тешкотии во учењето, како директна последица на контаминацијата со олово, им недостасува поддршка.

И медицински експерти изразија загриженост поради тоа што не постои континуирано тестирање за труење со олово, ниту поддршка за засегнатите заедници.

Во финалниот извештај од јули 2016 година, Панелот забележува дека иако во извештајот на УНМИК во 2000 година се заклучува дека има многу висок процент на олово во крвта на луѓето кои живеат во овие кампови, извештајот не бил јавно достапен, ниту пак биле преземени соодветни мерки за решавање на ризикот од изложеност на олово во камповите.

Светската здравствена организација, во 2004 година, предупреди на трајните хронични оштетувања што ги врши присуството на оловото во човечкиот организам, повикувајќи го УНМИК, веднаш да ги евакуира децата и бремените жени од овие кампови.

Но, УНМИК не даде на увид никаква документација од која би се виделе конкретно преземените активности, како одговор на овие наоди и препораки.