Истражувањa

Пари на рака, дипломска без мака

Никој од црниот бизнис со академски трудови не бил до сега санкциониран. Продажбите на семинарски, дипломски и магистерски трудови јавно се објавуваат во весниците, на интернет и на студентските огласни табли, а инспекторите спијат

Код го истражуваше црниот бизнис на платените академски трудови. Продажбата на семинарски, дипломски магистерски кои ги најдовме јавно објавени во огласите во весниците и на интернет. Ги снимивме самите огласувачи, студентите, професорите, министерот за образование и невладините ореганизации. Заклучокот беше дека не е санкционирано ова дело и дека за сега никој не понел одговорност. Во еден дел од емисијата беа опфатени плагијатите кои ги прават дел од професорите на некои македонски универзитети. Укажавме на потребата на зајакнат инспекциски надзор и контрола на истите.