Анализи

Политичката криза ја загрози препораката за ЕУ

Европската комисија го замрзна претпристапниот дијалог на високо ниво со Македонија, а сѐ поголем број европски и домашни претставици сметаат дека во прашање е и препораката за почеток на преговори со Европската унија, па дури и кандидатскиот статус.

Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) меѓу Македонија и Европската комисија е ставен во мирување

Ова е веќе втор прекин на високиот дијалог поради внатрешнополитички проблеми во Македонија, откако веќе еднаш беше замрзнат поради случувањата околу 24 декември | Фото: sep.gov.mk

Ова е веќе втор прекин на високиот дијалог поради внатрешнополитички проблеми во Македонија, откако веќе еднаш беше замрзнат поради случувањата околу 24 декември | Фото: sep.gov.mk

поради полтичката криза, потврдуваат за БИРН извори од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Ова е веќе втор прекин на високиот дијалог поради внатрешнополитички проблеми во Македонија, откако веќе еднаш беше замрзнат поради случувањата околу 24 декември. Тогаш Европската комисија укажа дека Македонија мора да ги усвои препораките од политичкиот договор од 1 март за да може Европската комисија да го поддржи реформскиот процес преку ХЛАД.

„Дијалогот е стопиран веќе еден месец и се очекува да продолжи откако ќе се најде решение за политичката криза“, велат извори од канцеларијата на ЕУ во Скопје кои побараа да останат анонимни. И дипломатски извори од МНР потврдуваат дека дијалогот што го става фокусот на клучните реформски приоритети кон ЕУ е прекинат.

Се менува расположението во Брисел

Ако до вчера главно прашање во Брисел беше како да се најде решение за ситуацијата во која Македонија беше

Европратеничката Маријана Петир од редовите на ЕПП, вели дека е предизвик нештата да се вратат на своето место / Фото: официјална страница на Петир

Европратеничката Маријана Петир од редовите на ЕПП, вели дека е предизвик нештата да се вратат на своето место / Фото: официјална страница на Петир

перципирана како обесправена поради тоа што шест години по ред не добива датум за преговори, сега на маса е прашањето дали како држава воопшто ги исполнуваме Копенхашките критериуми, правила кои одредуваат дали една земја воопшто е способна да ѝ се придружи на ЕУ.

Иво Вајгл, еден од тројцата европратеници кои треба да помогнат да се реши кризата во Македонија преку посредништво е директен и вели дека е загрозена препораката за преговори со ЕУ.

„Сѐ почесто се спомнува кризата на доверба и се зборува за криминал, што му штети на угледот на вашата држава“ вели Вајгл кој до крајот на месецов се очекува да има средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во Брисел.

И неговата колешка од Хрватска, европратеничката Маријана Петир од редовите на ЕПП, вели дека е предизвик нештата да се вратат на своето место.

„Македонија изрази волја за да го започне процесот на евроинтеграции и ќе биде ценета според своите заслуги. Секоја внатрешна криза во суверена држава треба да биде предизвик за тоа работите да се вратат на своето место. Во секоја држава постојат предизвици и сите треба да направиме максимум за да функционира демократскиот систем“, вели Петир.

Од поканата на претставниците на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ на средба во Брисел, за која партиите сѐ уште не дале позитивен одговор, ќе зависи и односот на бриселската администрација кон македонскиот пат до ЕУ.

„Ова е обид на земјите-членки и на Европската комисија за контрабаланс на политичката криза, бидејќи во одредена фаза мора да се постави прашањето дали Македонија ги исполнува Копенхашките критериуми, а со тоа и прашањето, како тоа ќе се одрази во следниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата“, вели амбасадорот на Австрија во Македонија, Томас Михаел Баер

Поповски потврдува дека препораката е загрозена

Што се тоа Копенхашки критериуми?

Критериумите кои секоја држава мора да ги исполни се познати како Копенхашки критериуми, а можат да се поделат на политички, економски и административни. Во однос на политичките критериуми од Македонија се бара да има стабилност на институциите кои ќе гарантираат демократија, владеење на правото, заштита на човековите права и почитување и заштита на малцинствата.

Шефот на дипломатијата, Никола Попоски, во изјава за БИРН потврдува дека е сосема реална можноста оценката на Европската комисија за почеток на преговори да се промени. Според него, клучни причини за тоа се продолжениот бојкот на Собранието од страна на СДСМ, како и недостатокот на мотив за водење дијалог во институциите.

Политичката криза поради скандалот со прислушувањето за Поповски е елемент повеќе што ја урива сликата за државата во меѓународни рамки.

„Имиџот е негативен во однос на оваа авантура. Во ниту една држава не се случило да се емитува нелегално стекнат материјал на овој начин“ вели Поповоски.

Тој одби да прецизира на кого мисли кога вели „Има такви кои многу ќе се израдуваат и од петни жили ќе се трудат во тој правец. Истите што се трудат секоја година да не водиме преговори со ЕУ“ додава Поповски.

Се чини дека перспективата за губењето на препораката за министерот за надворешни работи не е поголем проблем од проблемот на грчката блокада за преговори. Тој вели дека дури и да остане препораката од Европската комисија, најверојатно нема да има консензус во ЕУ за да водиме преговори.

„Тие што нѐ блокираат шест години немаат променета агенда. Само ќе бараат друг изговор“ вели министерот.

Во опозицијата се уште поголеми песимисти околу евроинтеграциите. „Веројатно е дека Република Македонија нема да добие препорака за почеток на преговори, но има опасност да го изгуби и кандидатскиот статус поради новата рамка на ЕУ за владеење на правото“, вели Лидија Димова.

Таа објаснува дека од лани Европската комисија донела „Нова рамка за зајакнување на владеењето на правото“, според која може да се активира членот 7 од Договорот за ЕУ.

„Тоа значи дека постојат механизми за проверка на владеењето на правото, но да се надеваме дека Македонија нема да биде првата и единствена држава која ќе го почувствува тоа на своја кожа“ вели Димова .