Правила и услови на користење

Прочитајте повеќе за авторските права на објавените содржини на Призма и можностите за превземање на објавените содржини.

Призма објавува авторски содржини.

Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор ги задржува авторските права на сите содржини кои се произведени во рамките и со поддршка на проектот и се оргинално објавени на интернет страната Призма.

Дозволено е делумно преземање на содржините (до 20% од текстот) со обврзна назнака на изворот и директен линк кон оригиналната содржина на Призма.

За какво било користење или репродукција на содржините кои се пренесени на оваа интернет-страница, а кои не се во авторска сопственост на Проектот, ве молиме да ги контактирате организациите или поединците кои се носители на авторските права на истите.

Информациите кои се објавуваат во рамки на адресарите на Призма се наменети исклучително за подобрување на комуникацијата помеѓу новинарите, невладините организации и останатите засегнати страни. Користењето на личните податоци е регулирано со Политиката на приватност, а злоупотребата на истите подлежи на правно санкционирање уредено со домашната легислатива.