Што е Призма?

Призма е интернет страница на БИРН Македонија наменета за промоција и јакнење на истражувачкото новинарство и соработката помеѓу граѓанскиот сектор и новинарите.

Призма е место на кое се објавуваат истражувачки стории, анализи, извештаи, репортажи, новости од граѓанските организации и интервјуа на теми од заеднички интерес за медиумите и граѓанскиот сектор, како и за пошироката јавност.

Призма е и место на кое се создаваат и одржуваат мрежи на уредници, новинари, медиуми, како и невладини организации со цел нивна потесна соработка, но и размена на информации и алатки за што појасно информирање на јавноста. Призма е единствената медиумска платформа која ги обединува и активно ги вклучува новинарите, невладините организации и јавноста во Македонија.

Интернет страницата постои од декември 2013 година и е иницирана во рамки на Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор дел од програмата на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија. Содржините на Призма се во согласност со новинарскиот етички кодекс и светските новинарски стандарди.