Флеш Вести22/03/2018 11:14

Цукерберг открива дека македонскиот „фејк-њуз“ не е мртов

Лажни фејсбук-профили од Македонија ширеле измислени вести и за време на минатогодишните избори за сенатор во американската сојузна држава Алабама, откри првиот човек на „Фејсбук“, Марк Цукерберг вчера на „Си-ен-ен“ каде зборуваше за скандалот со британската фирма „Кембриџ аналитика“.

Влијанието на таканаречените „фејк-њуз“ сајтови  за време на претседателските избори во САД во 2016 и прашањата колку ширењето на таквите дезинформации придонеле за победата Доналд Трамп,  откри дека голем дел од нив функционирале од македонскиот град Велес. Веднаш потоа повеќето од нив беа затворени.