Регион

Уапсен поранешниот генерал на АБиХ, Атиф Дудаковиќ

Атиф Дудаковиќ во 2000 година, кога ја извршуваше функцијата командант на Заедничката команда на војската на ФБиХ. Фото: ЕПА/Фехим Демир

Даниел Ковачевиќ | БИРН | Бања Лука

Поранешниот генерал на АБиХ, Атиф Дудаковиќ, беше уапсен во петок, заедно со уште неколку други лица, под сомнение дека за време на војната во БиХ , која што траеше од 1992 до 1995 година, извршил воени злосторства над лица од српска националност.

Сите осомничени се уапсени по наредба на Обвинителството на БиХ.

Според медиумите, на апсењето му претходела 12-годишна истрага против Дудаковиќ.

Медиумите во Босна и Херцеговина и во Србија, во 2009 година, емитуваа видео снимка на која, наводно, се гледа, како за време на воена операција извршена во 1994 година, Дудаковиќ дава наредба да „се пука“ и „да се запали сѐ“, алудирајќи на едно српско село.

Дудаковиќ го отфрли видеото како „дел од воената пропаганда (на босанските Срби), која сé уште трае и не е ништо ново“.

Сепак, по објавувањето на видео снимката, тогашниот претседател на Република Српска, Драган Чавиќ и тогашниот премиер на овој ентитет, Милорад Додик, поднесоа кривична пријава против Дудаковиќ.

Овој познат воен командант, за време на војната во БиХ, командуваше со регионот на Бихаќ, северозападна БиХ. По војната, тој стана командант на Заедничката команда на војската на Федерацијата Босна и Херцеговина (ФБиХ).

Медиумите пишуваат дека меѓу уапсените е и Ибрахим Надаревиќ, исто така, поранешен воен офицер на АБиХ и поранешен федерален министер за боречки прашања. Тој беше уапсен во Сараево.