Флеш Вести23/02/2017 08:19

Владо Апостолов од БИРН добитник на наградата на ЗНМ за истражувачко новинарство

Владо Апостолов ја доби наградата за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ за 2016 година, што ја доделува Здружението на новинари на Македонија. Признанието е за серијата од три истражувачки текста објавени на „Призма“ за имототите кои се поврзуваат со Владимир Здравев, поранешен претседавач на Советот во општина Центар и директор на МЕПСО, а денешен член на Одборот на директори на Македонски телеком во кој државата поседува третина од акциите.

Фоторепортерот Ѓорѓи Личовски од „Сакам да кажам“ е добитник на наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело.

Специјална награда од ЗНМ доби Мефаил Исмаили од телевизијата „Шења“.