Флеш Вести17/12/2016 10:29

ВМРО не му одговори на Бејли како ќе реагира на одлуките на ДИК

Американскиот амбасадор Бејли не добил одговор од раководството на ВМРО ДПМНЕ како ќе реагира партијата на одлуките на ДИК, се вели во партиското соопштение објавено по полноќ.

Во него се чита и дека е одбиена понудената помош на американскиот амбасадор за „влијанието на надворешни фактори“ во некои партии во однос на можните идни коалиции „затоа што улогата на амбасадорот е да ја следи состојбата во земјата и да ја информира неговата земја за случувањата“.

На средбата со Бејли учествувале лидерот Никола Груевски и партиските функционери Никола Тодоров, Владимир Ѓорчев и Александар Николоски