Зa БИРН Македонија

БИРН Македонија е независна невладина организација фокусирана на истражувачко новинарство основана во 2004 година како дел од регионалната организација – Балканска истражувачка репортерска мрежа.

Оттогаш БИРН Македонија има имплементирано различни локални и регионални проекти, од организирање на тренинзи за меѓународните новинарски стандарди при покривање на прашања од транзициска правда, производство на телевизиски документарци, објавување на анализи и истражувања како и организирање на трибини за прашања поврзани со ЕУ интеграцијата на Македонија.

Со својата работа БИРН Македонија изгради репутација не само на кредибилна медиумска организација, но исто така и извор за развој на медиумите и градење на изградба на мрежа на новинари. Исто така, воспостави силна врска помеѓу медиумите и невладините организации во Македонија и во регионот, водејќи локално важни програми дизајнирани да одговорат на медиумските и пошироките општествени потреби.

БИРН Македонија придонесува и кон повеќе различни проекти на регионалната мрежа на БИРН и имаше суштествена улога при формирањето на Балкан Инсајт како еден од водечките регионални медиуми.

Целта на БИРН Македонија е да ја консолидира стабилноста на земјата и да ги забрза политичките, економските и социјалните реформи во рамките на Евро-атлантската интеграција. Тоа го прави со квалитетно новинарство и олеснување на дебатите за клучните предизвици.

Балканската истражувачка репортерска мрежа од која е дел и БИРН Македонија е мрежа на уредници, тренери по новинарство и новинари, посветени на создавање силни, професионални и независни медиуми во Југоисточна Европа како суштински дел во развивањето на демократијата и слободниот пазар на Балканот.

Тимот на БИРН Македонија го сочинуваат:

  • Ана Петрушева, директорка и главен и одговорен уредник на БИРН Македонија
  • Гоце Трпковски, новинар    [email protected]
  • Владо Апостолов, новинар  [email protected]
  • Васко Маглешов, новинар  [email protected]
  • Фросина Димеска, новинар [email protected]
  • Јасмина Јакимова, новинар [email protected]
  • Елена Гаговска, новинар       [email protected]
  • Синиша Јаков Марушиќ, известувач од Македонија за Balkan Insight
  • Јасна Андоновска, административен и финансиски координатор

Заштитено внатрешно пријавување