За Проектот

Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор е дел од Програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија.

Проектот има за цел преку интензивни дебати и средби помеѓу новинари и граѓански организации да ја зајакне соработката и размената на информации меѓу нив, како и да придонесе кон што поголем број на независни и квалитетни истражувачки стории преку мали грантови за новинари, менторство и обуки за истите.

Во рамки на проектот ќе се спроведе и медиумски мониторинг на селектирани теми од заеднички интерес за граѓанските организации и новинарите со цел да се утврди состојбата како се информира по дадените прашања и да се дадат препораки како истото може да биде подобрено.

Овој проект се спроведува во партнерство со Центарот за граѓански комуникации, истражувачката емисија „Код“ и дневниот весник „Коха“.