Флеш Вести30/09/2018 19:56

Заев: Волјата на гласачите сега треба да се верификува во Собрание

Сега гласот на граѓаните треба да се претвори во политичка активност во Собранието, рече Заев еден час по референдумот

Премиерот Зоран Заев, во седиштето на коалицијата „Излези за европска Македонија“ рече дека доколку огромно мнозинство од граѓаните на референдумот се изјасниле за договорот со Грција, тој ќе оди во Собрание. 

„Без разлика на организираниот бојкот од страна на ВМРО ДПМНЕ очекувам дека огромно, видливо мнозинство на граѓаните го дале гласот за европскиот пат на Македонија. Сега гласот на граѓаните треба да се претвори во политичка активност во Законодавниот дом“ изјави Заев во присуство на поголем број министри и советници во неговиот кабинет. 

Тој рече дека „останува да ја води Македонија“ и дека доколку пратениците на ВМРО ДПМНЕ не ги поддржат уставните измени, согласно Договорот од Преспа, тогаш е извесно дека ќе се оди на предвремени парламенарни избори. 

Изјавата на Заев и прес конференцијата што е најавена за два часа ја следат голем број новинарски екипи.