Флеш Вести16/12/2016 18:35

Жугиќ до ДИК: Отфрлете ги смешните приговори

„Два пати ги пролонгиравте изборите, доста е. Нека ги отфрлат тие смешни приговори за кои нема никаква законска рамка и нека прогласат победата на ВМРО – ДПМНЕ“, изјави актерката и директор на Театарот комедија, Јелена Жугиќ, обраќајќи им се на присутните кои протестираат пред Државната изборна комисија која ги разгледува приговорите од изборите на 11 декември.