Вести

ЕУ ги повика земјите кадидати за членство да ги заштитат истражувачките новинари

Потпретседателката на Европскиот парламент Улрике Луначек ги повика аспирантите за членство во ЕУ да обезбедат услови за новинарите кои истражуваат криминал, мито и корупција да може да ги извршуваат своите работни задачи без страв од насилство и уцени.

Улрике Луначек - потпретседателка на Европскиот парламент | Фото: Европски парламент

Улрике Луначек – потпретседателка на Европскиот парламент | Фото: Европски парламент

„ЕУ ја промовира слободата на изразување во дијалогот со земјите кандидати за проширување и го поддржува висококвалиотетното истражувачко новинарство“, рече Луначек денеска.

„Земјите-кадидати за членство во ЕУ и тие што имаат аспирации во иднина да се здобијат со тој статус  да обезбедат услови за новинарите да ги извршуваат своите работни задачи без страв од насилство и уцени“, додаде таа.

Изјавата доаѓа по извештајот на Мрежата за промени ЈИЕ, во кој се вели дека: „новинарите кои се доволно храбри и се обидуваат и успеваат да се спротивстават на моќни фигури во општеството се под притисок, закани и малтретирања, а не ретко се тужени заради тоа што сакаат да укажат на некоја лоша пракса или злоупотреба“.

Во текот на минатите две недели БИРН објави серија истражувачки стории кои откриваат како круг на луѓе околу поранешниот албански претседател Сали Бериша заработувале огромни суми од сомнителни зделки со енергетски капацитети.

Инаку, извештајот Победници и губитници: Кој има корист од корупцијата на високо ниво во енергетскиот сектор на југоисточна Европа? кој беше повод за реакцијата и чие резиме е достапно и на македонски јазик на едно место обелоденува низа случаи на корупција во високи општествени кругови кои влијаат врз енергетските сектори на Албанија, Хрватска, Босна, Македонија, Косово, Црна Гора и Србија, илустрирајќи како корупцијата влијае врз издражливиот развој на енергетските-системи на овие земји.

Извештајот го вклучува и случајот на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, кој беше осуден за примање мито од 10 милиони евра од унгарската компанија MOL, како и за обвинувањата против албанскиот парламентарен спикер Илир Мета за корупција околу изградба на хидроцентрала.

Извештајот на извештајот на Мрежата за промени ЈИЕ е достапен овде, а резимето на македонски јазик е достапно овде

Текстот е објавен и на страницата на Балкан инсајт.