Политика на приватност

Нашата Политика на приватност го уредува видот на личните податоци кои интернет страницата ги собира и начинот на нивното користење. Доколку не се согласувате со правилата кои се дел од нашата Политика на приватност ве молиме да не ја користите оваа интернет страница. Користењето на вашите лични податоци на други интернет страници, вклучително и оние кои се поврзани преку неколку страници на Призма, не подлежат на правилата на Политиката на приватност за Призма.

За било какви дополнителни информации во врска со Политиката на приватност Ве молиме да не контактирате преку формуларот за контакт кој се наоѓа на крајот на оваа страна. Доколку имате предлози како можеме да ја подобриме нашата Политика на приватност слободно испратете ги до нас преку формуларот за контакт.

Контакт листи и адресари

Согласно Политиката на приватност на БИРН ниту еден од вашите лични податоци кои ги користите во комуникацијата/интеракцијата со нас како што се: име, презиме, адреса, телефонски број, е-пошта и други, нема да бидат објавувани јавно или на кој било друг начин оттуѓувани во корист на други правни и физички лица кои не се дел од БИРН, освен во делот на јавните адресари на новинари и контакти со невладини организации.

Наведените лични податоци на оваа интернет страница се користат во неколку прилики: пријава за добивање на редовни информативни билтени, пријава за ваши прилози на Блог страната, при користење на формуларот за комуникација со нас, како и при регистрација на некои од адресарите на Призма.

Според Политиката на приватност, добиените лични податоци се користат исклучително за намената на која се однесуваат. Ве молиме имајте на ум дека при регистрација на некои од адресарите вашите контакти се видливи и за пошироката јавност. Иако целта на адресарите на Призма е да ја олесни соработката помеѓу двете главни целни групи за кои се однесуваат, новинарите и невладините организации, сепак тие се достапни и за пошироката јавност.

Потсетуваме дека злоупотребата на личните податоци од трети страни подлежи на правно санкционирање и Ве молиме доколку забележите таков случај да не известите преку формуларот за контакт.

Регистрирањето на вашите контакти во контакт листите на Призма е исклучително на доброволна основа, а лицата кои во иднина не сакаат да се дел од која било контакт листа или адресар на Призма може да ги известат администраторите преку опциите дадени во е-пораките или преку користење на формуларот за контакт со испраќање на соодветна содржина.

Податоци од кредитни и дебитни картички

БИРН е непрофитна организација и не нуди комерцијални услуги преку интернет. Со цел да ја подобриме приватноста на вашите податоци од кредитни и дебитни картички и вашата безбедност за е-тргување, при пополнување на било кој контакт формулар кон нас ве молиме да бидете внимателни и да не ги внесувате податоците од вашите кредитни и дебитни картички.

Други интернет страници кои не се дел од БИРН

БИРН не сноси одговорност за содржината од интернет страните кои не се во рамките на мрежата. Ве советуваме внимателно да ја прочитате политиката на приватност на останатите интернет страници пред да внесете или објавите било каков личен податок.

Користење колачиња (cookies)

Колачињата (cookies) престатвуваат мал текстуален фајл на податоци кој се наоѓа во вашиот пребарувач и дозволува Балканска истражувачка репортерска мрежа да Ве препознае секој пат кога ќе ја посетите оваа интернет страница. Колачињата сами по себе не содржат никакви лични информации и БИРН не користи колачиња за да собере лични информации. Колачињата можат да бидат користени од страна на трет доставувач на информации како на пример доставувачи на вести.

Екстерни бројачи

За следење и анализа на посетеноста на оваа интернет страница се користи Гугл Аналитикс. Резултатите од бројачот Гугл аналитикс не се јавно достапни и се користат само за статистички анализи. Политиката за приватност на Гугл е достапна на веб-адресатаwww.google.com/privacy.html.

Постоечки ризици

Запомнете ги постоечките ризиците секој пат кога го користите интернетот.
Иако ние се трудиме максимално да ги заштитиме вашите лични податоци, не можеме целосно да гарантираме безбедност на кои било информации кои ќе и ги доставите на БИРН и Вие сте целосно одговорни за зачувување во тајност на кои било лозинки или други податоци поврзани со вашата сметка.

Исто така други интернет страни или услуги кои можат да бидат достапни преку БИРН имаат одделни политики за заштита на податоци и на приватност, кои се независни од нас и затоа ние не сносиме одговорност и должност за нивните политики или постапки.

Ве молиме контактирајте ги тие доставувачи или други доколку имате какви било прашања поврзани со нивните политики за приватност.

Контакт

За сите прашања поврзани со вашите лични податоци собрани и обработени од наша страна, обратете се директно до нас преку која било од стандардните можности за контакт.

Балканска истражувачка репортерска мрежа
ул.Мирослав Крлежа 67,  1000 Скопје, Македонија
Тел/ факс: 02/ 3290 280

или овде

Коментари

Призма го задржува правото да не објавува коментари со навредливи содржини и коментари кои предизвикуваат расна, верска, полова, политичка или омраза на која било друга основа. Коментарите кои повикуваат кон насилство или каков било друг вид на нетрпеливост нема да бидат објавени. Сите коментари подлежат на модерација со цел да се избегнат несакани последици.

Блог

Содржините, мислењата, коментарите објавени на оваа страница под рубриката Блог се одговорност исклучително на авторите и истите ги отсликуваат нивните лични мислења и ставови. Призма нема да објавува содржини кои се од навредлив карактер, претставуваат говор на омраза и повикуваат на насилство и нетрпеливост по различен основ.