Во новиот Буџет се планирани и рекордна сума на пари за доуредување, но и за изработка на проектна документација за инфраструктура во Слободните економски зони. Така, во 2015 за оваа намена ќе се потрошат скоро девет милиони евра, се вели во анализата на „Порталб“
Историски највисоко ниво на ставката за социјални трансфери во еден од историски најгломазните Буџети од речиси три милијарди евра. Догодина повеќе од 1,3 милијарди евра од буџетот ќе завршат за финасисрање на социјала. Во исто време, капиталните инвестиции, кои треба да ја обезбедат развојната компонента остануваат на речиси исто ниво како и сегашното од околу 344 милиони евра. Според „Порталб“ креаторот на Буџетот вели дека и до година продолжува реализацијата на инфраструктурни проекти, па повеќе од 55 милиони евра се предвидени за патната инфраструктура од Kоридорот 10, повеќе од 21 милион евра за железничкиот дел по должината на коридорот. За водовод и пречистителни станици се предвидени 28,6 милиони евра. Од друга страна, економистите го отвораат прашањето зошто нивото на капитални расходи не е зголемено со оглед на тоа што вкупниот буџет во однос на годинашниот е зголемен за цели 5% и ќе изнесува скоро 3 милијарди евра. Најмали буџети имаат министрите за правда, екоономија, локална самоуправа и култура, најголем годишен буџет ќе имаат Министерството за социјална политика, за здравство, образование.
Кој колку ќе троши
Според анализата предложениот Буџетот за 2015, некои министрства значајно ги зголемуваат трошењата а кај други се намалуваат. „Пораталб“сумира кои министерства колку пари ќе имаат на располагање.
Во на годинешниот реблансиран буџет, повеќе пари ќе има Претседателот на државата, Аганцијата за разузнавање, Државниот завод за ревизија, додека помалку пари се предвидени за Комисијата за лустрација, Државната изборна комисија.
Кај министерства, во однос на годинашниот Буџет, намалување на купните расходи има кај Министерството за одбрана, Министерството за транспорт, додека позначајно зголемување на расходите има кај Минисерството за финанасии, повеќе тршења се предвидени и во МВР како и во Министерството за правда.
Министерство | Планирани средства |
Министерство за одбрана | 92,0 милиони евра |
Министерство за внатрешни работи | 155,6 милиони евра |
Министерство за финанасии | 24,1 милион евра |
Министерство за правда | 6,0 милион евра |
Министерство за економија | 10,8 милиони евра |
Министерство за транспорт | 53,8 милиони евра |
Министерство за труд и соц.политика | 555,5 милиони евра |
Министерство за образование | 365,4 милиони евра |
Министерство за здравство | 96,3 милиони евра |
Министерство за локална самоуправа | 5,7 милиони евра |
Министерство за култура | 5,6 милиони евра |
Проекти: Плоштад Скендербег, болници во Тетово, Штип и Скопје, гасификација…
Осум општини во земјава треба да поделат 1,5 милиони евра, пари наменети за обнова на водоводните системи. За изгардба на инфраструктура во спортски објекти пак се планирани 4,8 милиони евра, речиси си исто колку и за стратешкиот енергетски проект „Гасификација“. И дел од објектите од Проектот „Скопје 2014“ најдоа свое место во новиот Буџет од скоро 3 милијарди евра. „Поратлб“ ја сублимира листата на проекти кои ќе се градата до гдоина. Еве колку пари и за што ќе се трошат:
– Изградба и реконструкција на студентските домови, прокет под надлежност на Министерството за образование. За догодина за оваа намена, како капитална инвестиција, се наменети 752 илјади евра, додека з апериод од три години Владата планира да потроши 5,6 милиони евра за да ги обнови постоечките и да изгради нови студентски домови. Оваа сума на планирани пари е значајно помала од сума што ќе се троши за спортска инфраструктура, во која се вклучени и изготвување на проектни документации, надзор, приклучок на електрична енергија до спортските објекти. Така, за оваа намена во 2015 та година се планирани 4,8 милиони евра, прибилжно колку што изнесува тригодишниот буџет за изградба и реконструкција на студентските домови. За три години за инвестиции во спртска инфраструктура ќе се трошат скоро 12 милиони евра.
– Изградба на плоштадот Скендербег, проект кој се води како инвестициска активност на Министерството за локална самоуправа. За догодина за овој плоштад ќе се потрошат 2,6 милиони евра, но неговата изградба ќе трае и во 2016 та и 2017 та година, за кога се планирани да се потрошат уште по 3,1 милион евра на годишно ниво, или вкупно изградбата на плоштадот Скендербег во следните три години ќе чини 8,8 милиони евра.
– Изградба на болници во Тетово, Штип и Скопје, прокет за кој е задолжено Министерството за задравство. Така изградбата на новата болница во Тетово ќе трае следните три години, вкупниот планиран буџет изнесува 3,1 милион евра. За следната 2015 година за тетовската болница се планирани 700 илјади евра. За изградба на Клиничкиот центар во Штип и клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје, проекти кои исто така ќе се туркаат до 2017 година се планирани средства во вредност од 21,5 милиони евра што ќе се трошат во период од три години.
– Водовод и канализација – осум општини во земјава треба да поделат 1,5 милиони евра, пари наменети за подобрување на водоводните систем. Овој зафат ќе се спроведе со кредит од Германската банка за развој а ќе бидата опфатени Тетово, Гостивар, Кочани, Радовиш, Кавадарци, Битола, Гевгелија и Неготино.
– Водоводни системи во Тетово, Липково и Зајас. Се предвидува изградба на четири краци од водоснабдителниот систем во општина Липково, доизградба на водоводниот цефковод во должина од 5 км во општина Тетово, и реализација на втора фаза од изградбата на водоводна мрежа од с. Колари до Зајас во должина од 8 км. За овој зафат се планирани 1,8 милиони евра.
Во новиот Буџет се планирани и рекорна сума на пари за доуредување, но и за изработка на проектна документација за инфраструктура во Слободните економски зони. Така, во 2015 за оваа намена ќе се потрошат скоро девет милиони евра. Во буџетот свое место најдоа и туритичките развојни зони со сума од близу еден милион евра и плажите во Дојран и Преспа за кои се двојат 400 илјади евра.
Според Владата, новиот буџет е во функција на поддршка на приватниот сектор и е фокусиран на исполнување на значајни инфраструктурни проекти.
Анализата е објавена на страницата на „Порталб“