Граѓаните, кои во последните три месеци протестираат против Владата на Србија, вчера одржаа мирна прошетка, со која ја одбележаа 16-годишнината од убиството на либералниот српски премиер, Зоран Ѓинѓиќ.
Комеморативната прошетка се одржа под слоганот „Ако денес не успееме, единствената причина за тоа ќе бидеме ние самите”, што е една од познатите реченици на Ѓинѓиќ.
Прошетката беше организирана од страна на организаторите на протестите „1 од 5 милиони”, на кои, од декември, низ цела земја, учествуваат десетици илјади граѓани, кои протестираат против српската влада.
„На 12 март, се сеќаваме на сѐ што загубивме и сè што можевме да имаме, во едно нормално демократско општество”, изјавија организаторите.
Наместо свирчиња, демонстрантите кои се собраа во центарот на Белград, а потоа отидоа до владината зграда, носеа свеќи и цвеќиња.
Вчера, опозициската Либерално демократска партија, која не учествува во протестите „1 од 5 милиони”, кои се одржуваат секоја недела, одржа посебна комеморација за Ѓинѓиќ, додека владини претставници положија цвеќе во дворот на зградата на Владата, каде што пред 16 години беше пукано во Ѓинѓиќ.
Ѓинѓиќ беше еден од основачите на прозападната Демократска партија, која го водеше бунтот против Слободан Милошевиќ во 2000 година.
Кога стана премиер, тој одигра клучна улога во апсењето и екстрадицијата на Милошевиќ во Хашкиот трибунал, за да се соочи со обвиненијата за воени злосторства.
Тој беше убиен на 12 март 2003 година од страна на припадниците на Единицата за специјални операции (ЕСО) на Министерството за внатрешни работи на Србија, кои го испланирале убиството со помош на Земунскиот клан, организирана криминална банда.