Истражувањa

КОД: Како се справуваме со зависноста од дрога

Дури и по успешното лекување на зависноста, останува прашањето на реинтегрирање на поранешните корисници на опојни дроги во општеството

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Стотици семејства сакаат да го решат проблемот со дрогата. Решението е лекување, но дури и по успешното лекување на зависноста, останува прашањето на реинтегрирање на поранешните корисници во општеството.

„Код“ истражува колку може и колку прави општеството за овие луѓе да можат живеат нормално, да комуницираат и да работат? Со кои проблеми се среќаваат зависниците, но и институциите кои се обидуваат да им помогнат.

Од осамостојувањето на Македонија започнува зголемената употреба на дрогата. Земјата од транзитна, се претвора во потрошувач. Проблемот со дрогата, пред се со хероинот не го решила ниту една земја, но начинот и обемот на употребата се зависни од општествените услови и начинот на живот.

Нема официјална статистика за бројот на зависници во државата. Неофицијално дури 20% од лицата на возраст од 15 до 64 години злоупотребуваат дрога на некој начин. Се зборува за бројка од над 10.000 зависници од опојни дроги, од кои дури 40% се во Скопје. Упатените велат дека е намалена и возрасната граница на наркозависници. Доколку порано се почнувало со 14 години, сега има случаи и на седум или осумгодишни деца кои се зависници.

Метадонската терапија е најпознатиот метод на лекување. Релативно ефикасна терапија, но скапа. Постојат и понапредни препарати, но тие се уште поскапи, особено за држави со мал буџет за таков вид на здравствена и социјална помош.

Државата се обидув, да ја децентрализира терапијата, односно Центрите за помош, но неуспешно, најмногу поради притисокот на лкалните заедници, односно луѓето во  чија околина се планирани.

„Општествената перцепција е стигматизирачка, дури и во институциите што требаат да работат со тој проблем“, вели еден од соговорниците на „Код“.

Проблемите не завршуваат тука – недостасува и медицински кадар.

„Докторите кои се високостручни за лечење зависности се бројат на прсти. Младите лекари не се инстересираат за оваа тешка и фрустрирачка работа“, вели проф-д-р. Лилјана Игњатова.

Како најголем проблем по лекувањето се јавува отпорот на средината кон ресоцијализација на поранешните зависници, што е неопходен предуслов тие да продолжат со нормалниот живот. Најголем дел од нив или не успеваат да се запослат или пак работат во центрите за помош.

Освен институциите и здравствениот систем кои се обидуваат да ги решат овие проблеми, се појавуваат и алтернативни методи, најчесто покренати од религиски заедници. Една од најпознатите е „Покров“, кој е центар за алтернативно лекување на зависности, лоциран во струмичкото село Водоча.

„Код“ прави репортажа од овој центар, каде се практикува т.н. „работна терапија“, односно метадонот се користи само еден месец, а по т.н. „безболен детокс“ се практикува земјоделска работа во релативна изолација. Зависниците првпат излегуваат од центарот по дури шест месеци.

Погледнете го видеото од емисијата на тимот на „Код“ посветена на овој горлив проблем.