Истражувањa

КОД: Зошто загадува скопската Железарница?

Зошто неколку фабрики во Македонија меѓу кои и скопската железарница се уште изпуштаат густ чад и ја загадуваат животната средина

КОД го постави прашањето Зошто неколку фабрики во Македонија меѓу кои и скопската железарница се уште изпуштаат густ чад и ја загадуваат животната средина. Ги анкетиравме жителите на скопската населба Железарница кои се пожалија на проблемот кој трае подлго време, Невладините организации кои ги дадоа меѓудругото податоците за загадувањето, родители кои се загрижени за своте деца, министерот за заштита на Животната средина и државниот секретар. Ја пренесовме и одлуката на Владата која непосредно пред емисијата одлучи доколку загадувачите не ги купат соодветните филтри за прочистување во првата половина  2014 ќе бидат затворени.