„Пристапување кон ЕУ“ од најзастапена, станала најмалку застапена тема: Главната разлика меѓу известувањето на медиумите за избраните теми од поширок општествен интерес во 2013 и во 2016 година, а во однос на застапеност на темите е што во 2016 година најзастапена тема била „Добро владеење“ на која отпаѓаат 25% од написите, додека во 2013 година главна тема била „Пристапување кон ЕУ“ на која се однесувале 17% од написите. Сега, пак, оваа тема е на последното место, како најмалку застапена тема со само 1% од написите.
Најзастапена тема, односно тема за која медиумите објавиле најмногу текстови во периодот на мониторинг е „Добро владеење“. По неа следи темата „Квалитет на живот“, а потоа група теми со слична застапеност: „Образование и млади“, „Животна средина“, „Човекови права“ и „Здравство и права на пациенти“. Најмалку текстови, односно најмалку застапена тема од сите анализирани десет теми од поширок општествен интерес е темата „Пристапување кон ЕУ“, а меѓу темите за кои има најмалку објавени текстови се „Културна политикаа“, „Општествена вклученост на маргинализирани групи“ и „Меѓуетнички односи“.
Споредено со истиот ваков мониторинг спроведен во 2013 година, главната разлика е во најзастапената тема. Темата којашто била најзастапена пред три години, односно „Пристапување кон ЕУ“, сега е најмалку застапена. Исто така, има значителен пораст во бројот на текстови од најзастапената тема во 2016 година „Добро владеење“, на која во 2013 година се однесувале 14% од написите, а во 2016 година дури една четвртина од сите написи, односно 25%.