Вести

Прашалник на БИРН за искуството со Конти и слични апликации

Споделете го вашето искуство

Во последниов период на социјалните мрежи се споделуваа многу различни информации за вложување пари во интернет апликациите како Конти и слични. Додека едни уверуваат дека овие апликации се одличен извор за брза заработка, други се жалат на измама и губење многу пари.

БИРН истражува колку е распространета оваа појава во македонското општество и затоа сакаме да ги слушнеме вашите искуства со интернет апликациите во кои се вложува одредена сума пари која по извесен период треба донесе заработка.

Прашалникот е целосно анонимен, а вашите одговори се безбедни и шифрирани. БИРН нема да објави никакви лични податоци без претходна согласност.

За да го споделите вашето искуство со нас, пополнете го формуларот.