Кога викаме такси, порачуваме храна или производи од онлајн шопинг, сè почесто компаниите што нудат вакви услуги стигаат до нашите мобилни броеви, имејл и домашни адреси.
Првичната цел на оставање вакви податоци е возачите или доставувачите да може да нè контактираат за да ја извршат услугата.
Освен што самите компании може несоодветно да ги менаџираат овие сензитивни податоци и да ги корсистат за други цели (пр. маркетинг, препродавање на податоците на трети страни итн.), тие може да бидат злоупотребени и од самите вработени.
А посебно ранливи на ваква злоупотреба често се жените и девојките, кои може да добиваат непосакувани пораки и да бидат изложени на сексуално вознемирување.
Поттикнати од искуствата од соседството и од разговори со луѓе кои споделија вакви искуства, БИРН истражува колку е распространета оваа појава во македонското општество и затоа сакаме да ги дознаеме вашите искуства.
Прашалникот е наменет исклучиво за луѓе што користат апликации за викање такси, порачуваат храна онлајн и други производи или на кој било друг начин оставиле мобилен телефон/други сензитивни податоци на вакви сервиси, кои потоа биле злоупотребени.
Прашалникот е целосно анонимен, а вашите одговори се безбедни и шифрирани. БИРН нема да објави никакви лични податоци без претходна согласност.
За да го споделите вашето искуство со нас, пополнете го формуларот.

