Регион

Сараевски активисти делеа бели цвеќиња за жените жртви на војната

Активисти, предводени од невладината организација, Фондација КЈУР, во саботата делеа бели цветови во главниот град на Босна и Херцеговина, како дел од нивната иницијатива, 8 декември да биде прогласен за национален ден на сеќавањето на жените убиени или злоставувани за време на војната

Фондацијата КЈУР, невладина организација од Босна и Херцеговина, која се залага за правата на жените и за родова еднаквост, заедно со волонтери и членови на локалното здружение на студентите по психологија, „Синапса“, во саботата започнаа со претставување на иницијативата, 8 декември да биде прогласен за Ден на сеќавање на сите жени убиени или злоставувани во војната 1992-1995 година.

Активисти пред Градскиот пазар во Сараево. Фото: Фондација КЈУР

Активистите ги повикаа државните институции, официјално да го прогласат овој ден како ден на сеќавањето, со оглед дека не постои таков датум посветен на жените кои биле жртви на војната.

На граѓаните на Сараево им беа делени бели цветови и флаери, со цел да се запознаат со иницијативата. Фото: Фондација КЈУР

„Ние навистина сметаме дека оддавањето на почит на државно ниво, за сите жени кои биле жртви на минатата војна, е начин да го зачуваме сеќавањето на нив, како и сеќавањето на сето она низ што овие жени поминале“, изјави за БИРН, Вилдана Џекмен, од Фондацијата КЈУР.

Активистите бараат прогласување на Ден на сеќавањето на жените жртви на војнате. Фото: Фондација КЈУР

Иницијативата беше покрената кон крајот на септември 2014 година, со цел да се намали исклучувањето на жените од процесот на зачувување на сеќавањата на воените страдања во Босна и Херцеговина, која, откако беше доставена на разгледување до Собранието на државно ниво, беше без објаснување одбиена.

Активистите, делејќи бели цветови, им ја пренесуваа својата порака на граѓаните на Сараево. Фото: Фондација КЈУР

Активистите сега, по неодамнешниот состанок со парламентарната комисија, чекаат на нова одлука врзано за нивната иницијатива. За време на војната во БиХ беа убиени повеќе од 100.000 лица, но точниот број на жени жртви е непознат.