Со години граѓаните се жалат на услугите што ги добиваат од државната пошта (АД Пошта на Северна Македонија). Поплаките се дека пратките им се вратиле на домашна адреса, не примиле пошта или покана за на суд, платиле нелогично голема сума за достава или, пак, едноставно им се изгубил пакетот.
БИРН сака да ги слушне вашите искуства, а целта на овој прашалник е да дознаеме со какви проблеми се соочуваат граѓаните користејќи ги услугите на државната пошта и каква штета претрпеле од лошите услуги.
Анкетата е целосно анонимна, а вашите одговори се безбедни и шифрирани. БИРН нема да објави никакви лични податоци без претходна согласност.
За да го споделите вашето искуство со нас, пополнете го формуларот.