Јаш, Букурешт, Ел Хиро
Кога полицијата го опколила неговиот дом едно студено јануарско утро, Петрика Манолаки знаел дека е готово.
29-годишниот мајстор се криел изминатите шест години, не можејќи да се соочи со враќањето во затвор за грабеж што не го извршил. Но сега полицајците влегле во неговиот дом во североисточниот романски град Јаш, туркајќи ја настрана неговата девојка и расплаканото бебе, ставајќи му лисици.
„Не можев да поверувам дека можеш да бидеш уапсен за нешто што не си го направил”, се присеќава Манолаки, кој сега има 39 години. „Беше како во филмовите, кога некој се бори за правда”.
Тој ден во зимата 2010 година го достигнал дното во борбата, за која Манолаки вели, дека му ги украла неговите најдобри години, борбата која и понатаму продолжува додека се бори да добие надоместок во земјата која е на првото место по бројот на нефер судења во Европската унија.
Романија ги надминува сите други 27 земји членки на ЕУ кога станува збор за прекршување на правото на фер судење и други пропусти во судските постапки, како што утврди Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).
Надвор од Европската унија, само Русија, Турција и Украина имаат полош рекорд, според најновите податоци од судот во Стразбур, кој има јурисдикција над 48 земји кои се членки на Советот на Европа.
Судската праведност е жестока тема во Романија, каде што владејачката Социјалдемократска партија (ПСД) промовира широки законски реформи од средината на 2016 година, за кои што велат дека се од клучно значење со цел судиите и обвинителите да станат поодговорни за грешките во правосудниот систем.
Реформите вклучуваат создавање специјална единица за истражување на криминалот извршен од страна на вработените во судовите и нови овластувања за министерот за правда со цел да назначи главни обвинители.
Но, повеќето членови на судството и многу меѓународни набљудувачи велат дека промените повеќе имаат за цел да ја ограничат независноста на судовите отколку да ги заштитат правата на обичните Романци. Реформите доаѓаат по неколкугодишни судски процеси против високи јавни службеници за кои има покренато обвиненија за корупција.
Со оглед на тоа што реформите ја делат земјата, оние кои се застапници за фер судење велат дека контроверзноста го одвлекува вниманието од актуелните недостатоци во правосудниот систем, од недозволивите прекршоци од страна на полициските инспектори до недоволно квалитетна државна финансиска правна помош и културата во судниците, каде обвинетите премногу често се сметаат за виновни додека не се докаже дека се невини.
Неправдата понекогаш станува уште поголема со долгите периоди на притвор за луѓето кои чекаат на судење, дури и за помали кривични дела, и грешки од судиите кои имаат премногу работа, а малку време за разгледување на доказите, велат критичарите. Во Романија нема судење со присуство на порота, така што судиите имаат целосна одговорност за донесување на пресудите.
Ремус Будаи, обвинител во Јавното обвинителство во Букурешт, користи спортска аналогија за да опише како понекогаш се чувствува кога работи во правен систем што е далеку од совршен.
„Кога гледате фудбал на телевизија, ќе видите каде судијата греши”, изјави тој за Балканската мрежа за истражувачко новинарство (БИРН). „Но, ако некој ви даде свирче, не секогаш знаете што да направите со него”.
„Нема шанси”
Возејќи низ улиците на Јаш во својот омилен стар модел на „Ровер“, внимателно вртејќи го управувачот со црни кожни ракавици, Манолаки се сеќава на сите проблеми во правниот систем, кои како да направиле заговор против него.
Неговиот кошмар започнал во 2002 година кога имал 22 години и тукушто го завршил служењето на задолжителниот воен рок.
Еден ден, полицијата го повикала во станица да одговори на прашања во врска со едно локално злосторство. Наводно, тројца мажи дошле на вратата на една 80-годишна жена, преправајќи се дека собираат пари за црквата. Двајца од нив влегле во нејзиниот дом и украле пари и накит.
Манолаки поминал три дена во полициска ќелија, каде што одбил да даде изјава додека не дошол адвокат.
Тој вели дека четири полицајци го тепале. Неговите родители го пренеле тврдењето до Канцеларијата на воениот обвинител, кој ги надгледува приговорите против полицијата, но обвинителите рекле дека нема доволно докази за да се потврди тврдењето.
Обвинет за соучество во грабеж, Манолаки ги поминал следните осум месеци и три недели во притвор во затвор со максимално обезбедување во Јаш, каде што ја делел ќелијата со речиси 50 други мажи кои спиеле на 30 кревети на кат.
Манолаки бил обвинет дека чувал стража пред домот на жртвата, додека другите двајца ги краделе вредните работи. Тој имал алиби – изјавил дека тогаш бил со девојката. Но, не се надевал дека некој ќе му верува, бидејќи толку му била голема довербата во правниот систем.
„Веќе бев подготвен да ја одлежам казната”, вели Манолаки во едно интервју во неговиот дом во Јаш. „Ова е Романија и нема шанси да се извлечете”.
На негово задоволство, судот го ослободил поради недостаток на докази. (Другите двајца биле осудени: Гичиук Богдан Думитру добил шест години и шест месеци, а Дамјан Константин добил пет години и четири месеци).
„На портата, полицаецот му рекол: „Дозволете ми да проверам уште еднаш, со години не сум видел некој да биде ослободен”, се сеќава Манолаки.
‘Ова е Романија и нема шанси да се извлечете’- Петрика Манолаки, обвинет за грабеж што не го сторил
Но, неговото ослободување наскоро изгледало како несолена шега. Обвинителите поднеле жалба и ослободителната пресуда била поништена.
Соочувајќи се со петгодишна затворска казна, тој се обратил до романскиот Врховен суд, Високиот суд за поништување и правда. Изгубил.
Тогаш одлучил да се скрие.
„Не можете да се контролирате, не знаете во кој правец да тргнете, кога знаете дека сте биле ослободени и сега пак сте осудени”, вели тој. „Пет години, едноставно одземени од вашиот живот … а не сте направиле ништо лошо”.
Манолаки избегнал апсење со селење од адреса на адреса, правејќи чудни работи за пари.
Додека бил бегалец, тој поднел жалба до ЕСЧП . Поминале години и тој не чул никаква повратна информација.
Полицијата конечно го
Неговиот случај бил повторно отворен. Во април 2017 година, Апелациониот суд во Јаш ја поништил пресудата и го ослободил. Манолаки сега ја тужи државата за надоместок од речиси еден милион евра.
„Грешки во процената”
Според „Правични судења“, организација која ги следи кривичните дела со седиште во Брисел, судските постапки можат да се сметаат за фер само ако на обвинетите им се загарантирани одредени права за кои не се преговара. Тие вклучуваат пристап до адвокати и информации, како и претпоставка на невиност.
„Државата треба да докаже дека сте виновни, а не вие самите да докажете дека сте невини”, изјави портпаролот Џанлука Чесаро.
Помеѓу 2011 и 2018 година, повеќе од 27000 лица осудени за злосторства во Романија, побарале нови судски процеси врз основа на законските механизми познати како „ревизија” и „жалба за поништување “, покажале податоците од Министерството за правда.
Судовите одобриле 242 повторни судења и 17 лица биле ослободени како резултат на тоа.
Повторните судења се дозволени само ако се појават нови докази или ако ЕСЧП пропише дека не се почитувале правата на обвинетиот.
Исто така помеѓу 2011 и 2018 година, 688 лица преку суд побарале компензација „за да се поправат погрешните судски процени”, а 80 лица добиле право на исплата, објавило министерството. Нема податоци за износот на надоместот.
фатила во јануари 2010 година, кратко време по раѓањето на неговиот син, следејќи го преку информациите од изводот во матичната книга на родените.
Манолаки бил испратен директно во затвор, иако не му била зголемена казната за време за неговото бегство.
Тој служел три години во два затвори, пред да биде пуштен условно во август 2012 година. Додека бил во затвор, се оженил со својата девојка.
Една година по неговото ослободување, неочекувано дошла пресудата од ЕСЧП дека неговите права биле прекршени.
Според ЕСЧП, Манолаки не требало да биде осуден по неговото првично ослободување без нови докази. Исто така, било кажано дека судот не успеал да ги сослуша Манолаки или сведоците, донесувајќи ја одлуката само врз основа на изјавите дадени на полицијата и сведочењето од претходната постапка.
‘Државата треба да докаже дека сте виновни, а не вие самите да докажете дека сте невини’- Џанлука Чесаро, од „Правични судења“
Истата година статистиката на ЕСЧП покажала дека судот во Стразбур уважил 49 претставки за прекршување на правата поврзани со соодветна судска постапка во Романија.
ЕСЧП не суди дали луѓето се невини или виновни, туку само дали нивните права се повредени.
Освен 11 повреди на основното право на фер судење, жалбите поднесени до ЕСЧП вклучувале 20 случаи на нечовечко или понижувачко постапување, 12 несоодветни истраги и шест несоодветно долги постапки.
Судот добил 3981 претставки од Романија во 2017 година. Многу од пресудите се однесувале на постари претставки, бидејќи понекогаш се потребни неколку години за ЕСЧП да донесе одлука.
Само три земји членки на Советот на Европа имаат полоши податоци за нефер судењата во ЕСЧП во 2017 година.
Во Русија имало 217 повреди на различни права во текот на постапките, додека Украина имала 78, а Турција 62.
Од друга страна пак, според пресудите на ЕСЧП, 10 земји воопшто немале повредување на правата во текот на судските постапки: Албанија, Андора, Данска, Ирска, Лихтенштајн, Луксембург, Малта, Норвешка, Сан Марино и Шведска.
Портпаролката на Министерството за правда, Ана Михаила, запрашана да даде свој коментар за лошите резултати на Романија во поглед на одлуките на ЕСЧП, рече дека земјата има „уставна и инфра-уставна и законодавна рамка” што им е потребна за луѓето да можат да го искористат своето право на фер судење.
Кристи Данилет, судија во судот во Клуж во западна Романија и поранешен член на Врховниот судски совет (ЦСМ), тело кое ја гарантира независноста на судството, вели дека податоците на ЕСЧП дале погрешна слика, бидејќи многу од романските случаи биле од пред седум или осум години.
Оттогаш, вели тој, реформите во ЦСМ ја намалиле должината на судските процеси и ја подобриле ефективноста на истрагите за полициската бруталност и другите несоодветни однесувања.
Но, тој вели дека судовите сè уште се подложни на „грешки во процената” предизвикани од лажни изјави собрани од бескрупулозните полицајци.
„Имав еден случај кога полицаецот не најде сведок, па побара „резервен сведок”, еден од многуте полициски информатори”, вели тој. „Полицаецот ја напишал изјавата, го повикал, му дал пијалак. Тој дури и не знаел што потпишал”.
Потоа продолжува: „За грешки во процената, ние [судиите] не сме одговорни. Тоа не се случува во ниту една земја во светот”.
Во летото 2000 година, 29-годишната мајка по име Даниела Тарау неколку недели работела како секретарка во една компанија во Букурешт, која регрутирала работници за работа во Израел. Таа правела кафе и одговарала на телефоните пред да биде принудена да ја напушти фирмата заради операција на жолчните канали.
Разочаран од правната помош
Неефикасното застапување од страна на некои адвокати во Романија е главен фактор при донесувањето погрешни пресуди, велат активистите за фер судење.
„Тие не се доволно подготвени”, вели Кристи Данилет, судија во судот во Клуж во западна Романија.
„Тие не вложуваат никакви напори, не се заинтересирани за случајот, не ги читаат документите, не разговараат со клиентот туку едноставно доаѓаат на суд и велат: „Го оставаме на дискреција на судот”.
Николета Андрееску, извршен директор на Здружението за одбрана на човековите права во Романија – Хелсиншкиот комитет, цитира еден неодамнешен пример од судот во главниот град.
„Моите колеги беа во судот кога еден адвокат побара еден од неговите клиенти да биде ослободен, бидејќи имал дете дома. И судијата го праша адвокатот: „Господине, дали воопшто знаете зошто вашиот клиент е уапсен?” Клиентот беше обвинет за малтретирање на неговата ќерка”.
Во 2017 година, Романија потрошила речиси 8 милиони евра за правна помош, според податоците на Министерството за правда побарани од БИРН.Според Студијата за трошоците направени за правна помошспроведена во 2010 година во разни европски земји од страна на Собранието на Северна Ирска, Романија потрошила просечна сума од 23 евра по кривично дело, споредено со 1.024 евра во Холандија и 1.003 евра во Ирска.
Според договорот помеѓу Министерството за правда и романската Националната асоцијација за адвокатура, правниците кои обезбедуваат правна помош за кривични предмети добиваат помеѓу 30 и 112 евра (130 до 520 леи) за секое лице кое го претставуваат, во зависност од видот на работата. Просечната плата во Романија е околу 510 евра месечно.
Неефикасното застапување од страна на некои адвокати во Романија е главен фактор при донесувањето погрешни пресуди, велат активистите за фер судење.
„Тие не се доволно подготвени”, вели Кристи Данилет, судија во судот во Клуж во западна Романија.
„Тие не вложуваат никакви напори, не се заинтересирани за случајот, не ги читаат документите, не разговараат со клиентот туку едноставно доаѓаат на суд и велат: „Го оставаме на дискреција на судот”.
Николета Андрееску, извршен директор на Здружението за одбрана на човековите права во Романија – Хелсиншкиот комитет, цитира еден неодамнешен пример од судот во главниот град.
„Моите колеги беа во судот кога еден адвокат побара еден од неговите клиенти да биде ослободен, бидејќи имал дете дома. И судијата го праша адвокатот: „Господине, дали воопшто знаете зошто вашиот клиент е уапсен?” Клиентот беше обвинет за малтретирање на неговата ќерка”.
Следната година, таа била повикана во полициска станица како сведок во случај отворен во врска со компанијата заради измама. Но, наскоро таа станала обвинета.
„Пристигнав утрото и си заминав речиси две години подоцна”, вели Тарау, која сега има 47 години.
Заедно со петмина други вработени во фирмата за регрутирање, таа била обвинета за измама на 44 лица кои платиле пари за работа во странство. Тарау тврдела дека повеќе не работела во компанијата кога биле извршени плаќањата.
Таа била задржана 24 часа во полициска ќелија малку поширока од бања, со четири легла прицврстени на ѕидот.
„Мислев дека сум стасала во пеколот”, вели Тарау. „Беше толку жешко, со многу чад од цигари”.
Потоа започнал циклусот на одење од притвор во притвор.
Прво, обвинителот, Кристијан Панаит, побарал Тарау да биде задржана во полициски притвор пет дена, а потоа цел месец. Процесот се повторил 21 пат, како да е воден од авто-пилот.
Тарау вели дека 28-годишниот Панаит изгледал како да не е стабилен. Еднаш и се развикал, а другпат и се заканил дека ќе ја фрли од прозорецот, вели таа.
„Од моја гледна точка … обвинителот беше како Бог кој требаше да утврди дали моето место е таму или не. И тој утврди дека моето место е токму таму … и покрај недостатокот на докази во случајот”.
Неколку месеци подоцна, Панаит извршил самоубиство. Некои весници ја поврзале неговата смрт со она што го опишале како политички притисок во истрагата против еден негов колега обвинител во друг случај. Во 2015 година, романскиот режисер Тудор Џурџиу снимил филм кој во одредени моменти се засновал на последните месеци од неговиот живот.
Без оглед на контекстот на однесувањето на Панаит, Тарау смета дека обвинителот ги прегазил нејзините права. Кога судот конечно и ја изрекол условната казна затвор од три години и три месеци за измама, во ноември 2002 година, таа веќе била во притвор во полициска ќелија 21 месец.
Она што загрижува од наша гледна точка е што должината на времето што некој може да биде во притвор е прекумерно”, вели Николета Андрееску, извршен директор на Здружението за одбрана на човековите права во Романија – Хелсиншкиот комитет, невладина организација со седиште во Букурешт.
„Овој притвор пред почетокот на судскиот процес често е формален бидејќи обвинителот бара 30 дена и судијата го дозволува тоа, и во основа тој автоматски се обновува. Законски, не можете да бидете во притвор без да бидете на суд повеќе од 180 дена”.
Петте други обвинети за измама на клиентите, вклучувајќи ја и чистачката во фирмата и нејзиниот сопруг, возач, исто така биле осудени.
По нејзиното ослободување, Тарау испратила десетици претставки до парламентот, канцеларијата на претседателот и судовите за утврдување на нејзината невиност, барајќи нејзиниот случај да биде разгледан. Таа смислила начин да види дали некој воопшто ги читал нејзините претставки: спојувајќи ги страниците во средината.
„Отидов во архивата на судот … и сѐ уште беа споени”, вели таа.
Тарау поднела жалба до ЕСЧП, кој донел пресуда во 2009 година дека нејзиното право за правично судење било повредено. Во пресудата стоело дека и била одбиена соодветна правна помош и било спречено вкрстено испрашување на жртвите на криминал или повикувањето сведоци. Било одлучено дека нејзиниот притвор пред почетокот на судскиот процес било претерано.
Шест години подоцна, судот во Букурешт го обновило нејзиниот случај и таа била ослободена. Таа побарала надомест од 900.000 евра како компензација, и на крајот и биле доделени 100.000 евра.
„Правична сатисфакција“
Тарау, исто така, добила 4000 евра за „правична сатисфакција”, форма на компензација доделена од ЕСЧП, што ја плаќа засегнатата земја. Сумата е обично многу помала од отштетите што ги даваат домашните судови.
Според Советот на Европа, телото за човекови права кое ги следи исплатите за правична сатисфакција, Романија исплатила 53.7 милиони евра за ваков надомест во текот на изминатите 10 години.
Во 2017 година, Романија исплатила 2.6 милиони евра за правична сатисфакција по одлуките на ЕСЧП. Спротивно на тоа, Данска и Норвешка не платиле ништо, а Шведска платила 5.000 евра минатата година. Од друга страна, Русија и Турција платиле 15 и 12 милиони евра, соодветно.
Во Романија, сите штети ги плаќа министерството за финансии. Судијата Данилет вели дека во теорија, министерството може да ги тужи судиите или обвинителите одговорни за грешките во судската пракса за да побара враќање на пари, но во пракса тоа никогаш не се случува.
„Погрешна пресуда е одлука донесена од страна на обвинител или судија што е против законот или доказите во случајот, без разлика дали е тоа направено намерно … или заради сериозна неспособност”, вели тој.
Голема оптовареност
Судиите во Романија се законски обврзани секоја недела да одвојат фиксно време за конкретни задачи: два дена за читање досиеја, два дена за донесување одлуки и еден ден за јавни расправи.
Во пракса, многумина се преоптоварени со бројни случаи и се принудени да ги прескокнат специфичните детали, велат адвокатите за фер судење.
Според податоците на Врховниот судски совет, кој го надгледува судскиот систем, судиите во Високиот суд за касација и правда се занимаваат со околу 1000 случаи годишно.
За споредба, нивните колеги во Врховниот суд во Шведска се занимаваат со помалку од 500 случаи годишно, велат податоците од шведската национална судска администрација.
Судиите и обвинителите можат да одговараат преку дисциплинска постапка или кривична постапка, додал Данилет. Дисциплинските санкции се движат од предупредување и намалени плати до суспензија и одземање на дозволата за работа. Казната за кривични дела е затвор.
ССМ објавило дека во 2017 година имал 22 дисциплински санкции за судиите и 10 за обвинителите. Но, не даде појаснување, кои казни биле заради пропусти во правосудниот систем, а кои биле заради други прекршоци.
Законодавците ги наведуваат случаите како оние на Манолаки и Тарау како оправдување за реформите во правосудниот систем, кои почнале да пристигнуваат во парламентот во 2016 година.
Критичарите ги нарекуваат реформите очигледен политички одговор на низа случаи на корупција во кои се барало одговорност од високи функционери, вклучувајќи го и лидерот на ПСД, Ливиу Драгнеа, кој во јуни добил три и полгодишна затворска казна за злоупотреба на функцијата, во очекување на жалба.
Меѓународните организации, вклучувајќи го и Европска комисија и Стејт департментот на САД, се приклучија на осудите.
„Тие [реформите] содржат голем број мерки што ги ослабуваат правните гаранции за независност на судството, кои најверојатно ќе ја поткопаат ефективната независност на судиите и обвинителите, а со тоа и довербата на јавноста во судството”, пишува во извештајот на Европска комисија објавен во средината на ноември.
Меѓу областите за загриженост, се издвојува новата единица на специјалното обвинителство за истражување на прекршоците извршени од страна на судиите и обвинителите, и „проширените основи за отповикување членови на Врховниот судски совет”.
Во септември, околу 300 судии одржаа тивки протести пред Апелациониот суд во Букурешт, со транспаренти „За независна правда”.
Назад во Јаш, Петрика Манолаки ја прифаќа секоја мајсторска работа што може да ја најде, додека се бори да добие компензација. Во своето слободно време, тој работи на својот автомобил и присуствува на состаноците на автомобилски клуб „Ровер“.
ЕСЧП му доделил 3.000 евра за праведна сатисфакција, но тој бара дополнителна отштета преку романските судови.
Во март судот на Сучава донел одлука против него, носејќи пресуда дека немало ништо незаконско во врска со неговото апсење или времето поминато во притвор, иако подоцна бил ослободен. Неговата жалба се процесира во Апелациониот суд Сучава.
Во Букурешт, Даниела Тарау формирала здружение кое им помага на жртвите на судска злоупотреба со цел да се запознаат со своите права и да бараат надомест.
Се омажила за полицаец, дипломирала право и завршила магистерски студии на Полициската академија. Таа продолжила со докторат за условите во романските затвори и сака да напише книга на оваа тема.
Потсетувајќи се на нејзиното тешко искушение, таа заклучува дека нејзиниот случај бил доволно мал за да се провлече низ пукнатините на скршениот систем – со катастрофални последици лично за неа.
„Тоа не беше важен случај”, вели таа. „Тоа беше еден од оние случаи што само се процесираат автоматски …„Кој е ова? Ааа, никој”.
Шведска прави измени за погрешните судски пресуди
Пет илјади километри од Романија се наоѓа Ел Хиро, најмалиот од Канарските острови на Шпанија. Кај Лина се потсеќа како поминал 13 години во шведски затвор, погрешно обвинет за убиство.
„Бев во изолација многу месеци, години”, вели 56-годишниот Швеѓанец. „Можеш да ме налутиш, можеш да ме натепаш, може да ме натераш да плачам, но не можеш да ме скршиш”.
Стоејќи до половина изграден камен ѕид на еден рид со поглед на океанот, Лина објаснува како гради хотел со парите од најголемиот надомест исплатен за погрешна судска одлука во историјата на Шведска: 1,8 милиони евра (18 милиони шведски круни).
Шведскиот канцелар за правда, изјави за БИРН дека исплатата била со цел „пријателски” да му се компензира на Лина за неговото време поминато зад решетки откако бил ослободен од обвинението во 2017 година.
Неговата пресуда била укината и тој бил ослободен од издржувањето на доживотна казна откако Антон Берг, продуцент во една јавна радио станица во Стокхолм, почнал да го истражува неговиот случај.
„Дознав дека навистина немало цврсти докази, немало траги од ДНК или стапалки”, вели Берг преку Скајп. „Всушност, никој не го видел г. Лина на местото на убиството”.
Берг снимил еден сведок кој признава дека лажно го вмешал Лина во грабеж кој се претворил во убиство во северна Шведска, во селото Каламарк. Тоа било доволно за да дојде до повторно судење во Врховниот суд.
„Цело време знаев дека ќе бидам ослободен, но никогаш не знаев дека ќе бидат потребни 13 години”, вели Лина.
Додека бил во затвор, Лина поднел барање до Европскиот суд за човекови права, но судот пресудил дека неговата жалба била недопуштена.
Минатата година Лина се оженил со Петра Вулрих, неговата наставничка по шпански во затворот. Двајцата се заљубиле додека бил затвореник. Кога работите станале сериозни, таа дала отказ и продолжила да го посетува како негова свршеница.
По неговото ослободување, се преселиле во Ел Хиро за да започнат нов живот.
Лина вели дека се надева оти Шведска еден ден ќе создаде статутарно тело како што е британската Комисија за ревизија на кривичните дела, која е одговорна за истражување на погрешните судски одлуки.
Ниту во Романија не постои такво тело.
Лорелеи Михала е новинарка во Романската национална телевизија. Уредник Тимоти Ларџ. Оваа статија е изработена како дел од Балканската стипендија за новинарска извонредност, поддржана од Фондацијата ЕРСТЕ и Фондациите Отворено општество, во соработка со Балканската мрежа за истражувачко новинарство.