Серија предупредувања за пораст на нетрпеливоста кон националните малцинства, на говорот на омраза и на историскиот ревизионизам во хрватското општество, привлекоа многу малку или воопшто не привлекоа вниманието на јавноста – освен од една личност – oд водачот на Србите во Хрватска, Милорад Пуповац.
Кон крајот на август, Пуповац за медиумите во Босна и Херцеговина изјави дека Хрватска станува фактор на нестабилност во поранешна Југославија и дека во Хрватска постојат обиди за рехабилитација на усташкото движење.
Организациите на бранители и десничарите, реагираа на оваа изјава на Пуповац, чија Самостојна демократска партија на Србите (СДПС) е дел од владејачката коалиција, барајќи од него да се извини.
Најгласно во својата осуда беше Здружението на хрватски воени инвалиди од Татковинската војна – ХВИДР. „Бараме од Милорад Пуповац итно и јавно да им се извини на сите граѓани на Република Хрватска, а доколку именованиот не го стори тоа, ние бараме од премиерот, Андреј Пленковиќ, да донесе одлука за раскинување на коалицијата со партијата СДПС“, се вели во соопштението на здружението.
ХВИДР додава дека „именуваниот ја надминал секоја мерка со своите неаргумнтирани лаги и навреди против хрватската држава, која е основана во Татковинската војна, врз крвта на нашиот народ, во одбрана од големосрпската агресија“.
ХВИДР поднесе и кривична пријава против Пуповац до Државното обвинителство (ДОХР), повикувајќи се на член 349 од кривичниот законик, во кој се вели дека секој што јавно се потсмева, упатува презир или грубо ја омаловажува Република Хрватска, нејзиното знаме, грб или химна, ќе биде казнет.
Набљудувачите сугерираат дека десничарите си дале премногу важност во хрватското општество и дека критиките на Пуповац ги налутиле, не само заради тоа што тој го кажал, туку и затоа што тоа го кажал најпознатиот Србин во Хрватска.
„За жал, Србите се цел (на десничарите). Србите како такви и, се разбира, Милорад Пуповац, како нивен претставник и нивна најистакната личност“, изјави за БИРН новинарот на „Јутарњи лист“, Владо Вурушиќ.
Криминализација на критиката?
Нешто повеќе од еден месец по поднесувањето на пријавата, ХВИДР изрази незадоволство од темпото на истрагата.
Сепак, јавниот обвинител, Дражен Јелениќ, на 3 октомври на новинарите им изјави дека ДОРХ работи на кривичната пријава.
„Ако некое лице поднесе кривична пријава, верувајќи дека од интервју или друг напис на весник произлегуваат сомнежи за одредени кривични дела, тогаш државното обвинителство ќе се занимава со ова“, рече Јелениќ.
Новинарите побараа реакција и од Пуповац, кој рече дека е подготвен за судење.
„Колку побрзо ДОРХ ова го реши, толку подобро, и јас сум подготвен да прифатам каков било вид на очитување кон ДОРХ и каква било негова одлука“, нагласи Пуповац.
Паралелно, на 4 октомври, Јосип Перица, истакнат член на ХВИДР, за хрватските медиуми даде невообичаена изјава на помирување, истакувајќи дека тие сакаат да разговараат со Пуповац и не сакаат да ги зголемуваат тензиите.
На 11 октомври, Јосип Ѓакиќ, претседател на ХВИДР, изјави дека „националните малцинства се добредојдени во парламентот“, но тој сепак го повика Пуповац да се извини.
Но, она што секако се поставува како прашање е дали изјавата на Милорад Пуповац треба да биде предмет на истрага на обвинителството. Иво Јосиповиќ, поранешен хрватски претседател и универзитетски професор по кривично право, за Н1 телевизија изјави дека однесувањето на некои организации на бранители, е недемократско.
„Станува збор за тоа дека се сака да се криминализира туѓо мислење. Кога станува збор за ДОРХ … не знам што воопшто тука има за разгледување, според мојот суд“, изјави Јосиповиќ.
Борис Милошевиќ, претседател на Српскиот народен совет и пратеник на СДПС, сугерира дека ситуацијата е алармантна.
„Она што ме загрижува е дека ова (контроверзиите) трае повеќе од еден месец и оти излегува дека Милорад Пуповац е главен проблем во Хрватска“, вели Милошевиќ за БИРН.
Тој потсети дека ХВИДР се залагала за забрана на СДПС и дека го повикала Собранието и собраниската комисија на воените ветерани, да дискутираат за Пуповац.
Пред една година, бранителите побараа Пуповац, пред Собранието, да го каже своето мислење за Татковинската војна (1991-1995), во текот на која, во борбата за независност, хрватските сили се судрија со Југословенската народна армија и воените единици на побунетите хрватски Срби. Ова на крајот доведе до масовен егзодус на Србите од Хрватска, проследен со низа воени злосторства.
Според Милошевиќ, повикот, Пуповац да се изјасни пред пратениците, е обид да се „одржи јавно сослушување на член на парламентот, кој изразил различно мислење“, што, додава тој, се смета за „незамисливо“ во современата демократија.
Независниот пратеник, Марко Вучетиќ, за БИРН истакнува дека ДОРХ треба да ја реши секоја пријава, дури и ако е таа неоснована.
„Обвинителот треба да одговори на таа пријава, а единственото што може да уследи после тоа е нејзино отфрлање“, вели Вучетиќ.
„Морална полиција“

Милошевиќ забележува дека хрватските медиуми, брзо го заборавиле контекстот на „контроверзната“ изјава на Пуповац.
Имено, изјавата на Пуповац дојде како коментар на два одвоени напади врз хрватски Срби, кои беа нападнати во кафулиња во селата Уздоље и Ѓеверске, додека на телевизија гледаа фудбалски натпревар на Црвена звезда. При тоа, пет лица беа лесно повредени, меѓу кои и еден малолетник.
Пуповац подоцна изјави дека нетолеранцијата и насилството врз малцинските национални групи се поврзани со обидите за рехабилитација на фашистичкиот усташки режим од Втората светска војна.
„Тие се тесно поврзани со историскиот ревизионизам, кој во Хрватска се рефлектира во обидот да се рехабилитира усташкото движење и да се етаблира во новиот европски контекст“, изјави Пуповац за radiosarajevo.ba, на 24 август.
„Наместо медиумите и јавноста да се занимаваат со причините за физичките напади врз припадниците на националните малцинства, медиумите се занимаваа со Пуповац, со неговите изјави, зошто го кажал тоа, дали требал да го каже тоа, дали тоа што го кажал е коректно“, објаснува Милошевиќ.
Пуповац и самиот бил цел. На традиционалниот карневал одржан во март во Кастел Суќурац, беше запалена голема кукла со неговиот лик. Пуповац рече дека тоа е симбол на растечки шовинизам и нетолеранција во Хрватска.
Во мај, за време на изборната кампања за Европскиот парламент, на билбордите на СДПС беа испишани антисрпски графити и усташки симболи.
Загриженост, во последните години, изразија и организациите за човекови права. Подемот на говорот на омраза во Хрватска, насочен кон Србите, ЛГБТ заедницата и Ромите, се споменува и во извештајот на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата на Советот на Европа, објавен во мај 2018 година.
Хрватската правобранителка, исто така, во ноември 2018 година, предупреди на широко распространета употреба на усташките симболи и поздрави, како и на фактот дека законот не ја потиснал нивната ефикасна употреба.
Пуповац јасно стави до знаење дека тој не ја споредува денешна Хрватска со нацистичката сојузничка Независна Држава Хрватска (НДХ), основана од усташкото движење. „Јас таа разлика ја живеам и за неа и заради неа веќе три децении политички делувам во Хрватска“, изјави тој на 11 септември.
Вучетиќ посочува дека критиките што ги упатил Пуповац станале скоро вообичаени, но оти десничарите го издвоиле лидерот на СДПС, бидејќи тој е претставник на Србите во оваа земја, и како таков, е симболична цел.
„И јас самиот, претпоставувам, сум давал поинтензивни и поенергични критики од Милорад Пуповац, но не станав цел на вакви здруженија (на бранители), затоа што не сум им интересен, можеби заради мојот филозофски дискурс, но сигурно не сум ниту доволно подобен за конфронтација, бидејќи ѝ припаѓам на нивната национална група (на Хрватите)“, заклучува тој.