Истражувањa

КОД: Субвенции во земјоделството

Постојат ли неправилности во распределбата на субвенциите во земјоделството и како е возможно еден комбинат со илјада вработени да зема помалку субвенции од неколку земјоделци? Зашто на листата на земјоделци кои ги злоупотребиле субвенциите има само двајца, додека неофицијално се зборува за голем број на злоупотреби на субвенциите во земјоделството?

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

КОД, во рамките на Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор, истражуваше на темата субвенциите во земјоделството и најде многу неправилности ширум Македонија. Според базата на податоци за субвенции во земјоделството, за одгледување овци се исплатени над 54 милиони евра од 2010-2014 година, но никаде нема евиденција колку грла овци се купени со овие пари. Зачудувачки е и фактот како покрај повеќе од 10 милиони дадени за млеко, сè уште увезуваме огромни количини од овој прехранбен секоја година.

Каде оди разликата помеѓу планираните и исплатени средства за тутунот, имајќи во предвид дека е ова најсубвенционирана мерка со исплатени над 126 милиони евра за периодот од 2010 до 2014 година според базата на БИРН. Во мноштвото податоци на страницата на Агенцијата за поддршка во земјоделството и руралниот развој недостасува отчетот.

Има ли земјоделци кои ги зеле парите но не посеале ништо? Постојат ли субвенции дадени за купени грла живина, а искористени за други намени?

Повеќе во истражувањето за злоупотребите на субвенциите во Македонија направено во соработка со КОД: