Каријатидите на плоштад: Да се прочисти споменичниот список

Колумна на Џ Пулицемер

[Интервјуто е измислен, сатиричен текст]

Во татковината на контрапротестите, палмите со тушеви, стиропорниот барок и на вработувањето преку ТВ-лотарија, не е нималку чудно ако ви успее да поразговарате со статуи на жени, познати како каријатиди. Не изненадува и тоа што мермерните дами се побистри од повеќето ликови што секојдневно ги окупираат ТВ-дневниците.

paraintervju-3

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Иако беа најавувани, сепак нѐ изненадија кога се појавија на скопскиот плоштад, веднаш под стоковната куќа „Сити галери“, „Типо“ за постарите или, пак, „Нама“ за само уште неколкумина. Некои ги викаат каријатиди, а тие, всушност, се скулптури со форма на жена што се користат како столбови.

Нивниот скулптор не штедел материјал, ги направил повисоки, и за да се постават, мораше да се крши новата фасада. Тие се носечки кадар на проектот „Скопје 2014“, секој ден сведочат како пулсира главниот град, а ние со сет памет ги поканивме на интервју и замислете, ако воопшто можете и да ни поверувате, прифатија да разговараат.

Сметавме дека интервју со статуи и нема да биде толку чудна работа, ако имаме предвид кој сѐ се појавил на телевизија и по другите македонски медиуми. Си купивме костени, бидејќи немаше „амерички“ крофни, наместивме столче и го почнавме муабетот преку тарабите.

Мермерните дами беа мошне возбудени, имаа што да кажат, меѓутоа внимаваа да не прават гестикулации, зашто тоа би било крајно опасно за зградата. Трепкаа кога беа иронични, замижуваа кога откриваа неверојатни работи и превртуваа со очите кога посочуваа на некои апсурди од нашиот општествен и политички живот.

И претседателката на Уставен е каријатида

Каријатидите се наоѓаат на самиот плоштад и тие се сведоци на актуелните настани околу Уставниот суд и на инцијативата што овозможи претседателот Ѓорге Иванов да помилува изборни криминалци. Во тој контекст, нѐ интересираше дали во овој кус период, додека се на плоштадот, забележале моќна Македонка, жена која метафорички може да се нарече каријатида.

WEB-Karijatidi1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Иванов ги помилувал, се почуствувале како криминалци | Фото: БИРН

„Претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева е вистинска каријатида. Жената доживеа иста судбина како нас, кога нѐ местеа под ‘Сити галери’ – и таа не беше соодветна за местото каде што ја поставија, ама судот ѝ се прилагоди и сега е носечки столб“, одговори една од статуите.

Каријатидите сметаат дека ексминистерот Миле Јанакиески е најголемиот виновник зошто не ги собираше под тремот и работниците мораа да го кршат барокот.

„Пред некој ден, Миле помина од тука и му пеевме: ‘Шо мислеше, шо мислеше коа мереше?’.“

Имале блиска и малку непријатна средба и со претседателот Ѓорге Иванов, иако јасно било дека човекот немал лоши намери. На патот кон ГТЦ застанал пред нив, им се восхитувал и им шепкал на јазикот од Каменот на розета.

„Ама нѐ помилува со поглед и се почувствувавме како криминалци“, раскажа една каријатида.

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, пак, побрзал да направил селфи со нив, го објавил на Фејсбук и мртов сериозен напишал дека се бара продавницата што изгубила кукли од излог.

stevche
Скулптурите ни укажаа дека неделава по плоштадот се зборувало оти пред Уставен се појавило уште едно митолошко суштество.

„Цела вечер пред Уставниот суд бдеела една сфинга, со тело на вмровски лав, а со ликот на Стевче Јакимовски. Сфингата го чувала врвот на правната пирамида.“

Покрај телото на лав, каријатидите велат дека таа вечер специфично било и лицето на Јакимовски. Јасно се гледало дека човекот-гром бил премачкан со сите бои, прво со сината, а одозгора и со црвената – како Дејвид Боуви на времето.

 

Ова не е Дејвид Боуви, ами човекот-гром премачкан во сите бои

МАНУ да објави бројчаник на споменици

Најголемиот страв на каријатидите е дека сега, пред избори ќе почне да се градат Шпанските скали, кои треба да никнат неколку метри од местото каде што се наоѓаат тие.

„Што ако дојде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да сече лента пред камери? Ќе мора да му се поклониме и тогаш ќе падне целата стоковна!“

Да се биде каријатида во Македонија е исклучително тешка и напорна работа, тоа најсликовито го покажувал избирачкиот список. Секаде во светот тие држеле згради во кои по становите живеелa нормална бројка на луѓе, а не како во центарот на Скопје каде што ги има и по педесетина во гарсониера.

„Дополнително, овде има најмногу барок по глава на каријатида“, коментираа статуите.

За тешката работа, признание им оддале и Гордана Јанкулоска и Силвана Бонева, кои од сопствено искуство знаат дека е исклучително напорно на грб да се носат по два стана, а камоли цела зградетина како онаа во строгиот центар.

Сепак, не е сѐ така црно. Оние што деновиве минале низ скопскиот плоштад, виделе дека мајсторите во полна пареа подготвуваат терен за уште каријатиди и дека можеби на крајот ќе ги има десетина. И затоа мермерните дами имаат барања што ги тангираат проблемите на нивната споменична заедница, која е сѐ побројна.

„Треба да се прочисти споменичниот список, да се утврди која статуа каде е, оти сѐ нешто ги преместуваат. Почнаа со Девојчето, па со Шмизлата, го прошетаа Цар Самоил, а Цар Душан ни се пикна ко падобранец.“

WEB karijatidi2

Со оглед дека ќе се изначекаме за попис, каријатидите имаат идеја како во секој момент да знаеме колку споменици има во Македонија.
„МАНУ да објави бројчаник и во риал-тајм да гледаме како се зголемува бројот на споменици, тој бројчаник ВМРО нема да го забрани.“

Тоа што мермерните статуи го говореа, изгледа не им се допадна на сите присутни, па во неколку наврати чувме како двете Шопинг-шмизли од бронза се кикотат, додека каријатидите одговараат на прашањата.

Нормално дека не паднавме на провокациите, нема место за Шмизлите во сериозно интервју, евентуално може да се снимаат за „Бекстејџ“ заедно со другарката-шмизла од улицата Македонија.

Имаме најмногу барок по глава на каријатида