На договорите со Бугарија и Грција им претходеше договор против државата, што се спроведуваше единаесет години. Имено последиците од него го прават главниот фронт на отпорот против споменатите два договора.
Станува збор за договор што се заврза во врска со обмислувањето на моделот на партијата меѓу лидерот Груевски и Никола Кљусев и мене како негови советници. Советничката позиција беше дека статутот на партијата не е во согласност со Уставот и со европското право и дека треба да се реформира за да добиеме современа демократска партија, каква што е, на пример, германската ЦДУ.
Груевски категорички го одби нашиот предлог, без да даде своја лична аргументација за тоа,туку повикувајќи се на професорот по политички науки Ѓорѓе Иванов,кој го советувал пет пари да не дава за внатрепартиска демократија. Партијата по дефиниција била полувојничка организација, со железна хиерархија и дисциплина,под команда на лидерот.(Види и: Изборот на лидерот, Призма.)
Така разбрав дека нас со Кљусев нè поразил неформален контра-советник. Пред Извршниот комитет предупредив дека партијата фатила погрешен курс и се повлеков од советничката функција. (Додека беше жив Кљусев, заемно си префрлавме: тој мене – зашто се повлеков; јас нему – зашто остана.)
За да биде командата на лидерот целосна – да ја опфати и државата, потребно било да се освои институцијата Претседател на Републиката. Како идеално решение се наложил изборот на проповедникот на автократизмот. Тој си го знае местото, си ја знае цената па однапред се самоукинува и како личност, и како институција. Прифаќа да биде инструмент на автократот, кој ја прифатил неговата наука.
И ете го договорот против државата, што го „потпишаа“ Груевски и Иванов со изборот на моделот на партијата и на Иванов за ПР. Покрај моделот на партијата, што логично прерасна во модел на државата, како комунистичката партија-држава (види и: Опасни врски, Утрински весник, 2008), тој договор содржи и антрополошки дел. Со „преродба“ во насловот на партиската програма и со теоријата на Иванов, нашиот идентитет се фокусира во антиката, нè направи ексклузивни наследници на Александар Македонски.
Од договорот меѓу небесниот идеолог и земниот практичар произлезе едно егзотично творение кое го сомле Уставот и европските вредности, кое студентите го идентификуваа со легендарното фрлање на копии од Уставот пред Владата на Груевски, кое ЕУ го нарече „заробена држава“,чија глава СЈО ја гони како „злосторничко здружение“.
Партијата со вториот дел од името Демократска Партија МНЕ, продолжува да функционира како ВМ Револуционерна Организација (долготрајна саботажа на конституирањето на Собранието,насилно загрозување на уставниот поредок, институционален бојкот на договорите, а нивно маалско озборување, саботажите од Иванов). И да се самоисклучува од уставниот поредок
За жал, Иванов и Груевски не постапија сходно првиот дел од народната мудрост: „Карај умно –поумно; карај лудо –полудо“. Не покажаа знаци на лична одговорност за ужасниот цивилизациски престап што произлезе од нивниот договор. Партијата, исто, бега од соочување со нејзината криминална инструментализација, демонстрирајќи го така пустошењето на човечките души и памет што го извршил моделот.
Па лидерот си аранжира два конгреса, на едниот се преизбра за претседател, на другиот себе за почесен претседател, својата инкарнација во Мицкоски за претседател. Под негова команда е регрутирана и масата пратеници. Човекот на кого, веројатно во најлесното обвинение, му е пресудена казна од две години затвор, продолжува да господари со институцијата Претседател на Републиката, со партијата и со пратеничката група.
Партијата со вториот дел од името Демократска Партија МНЕ, продолжува да функционира како ВМ Револуционерна Организација (долготрајна саботажа на конституирањето на Собранието,насилно загрозување на уставниот поредок, институционален бојкот на договорите, а нивно маалско озборување, саботажите од Иванов). И да се самоисклучува од уставниот поредок.
Мицкоски и Иванов институциите претседател на партијата и претседател на државата ги злоупотребуваат за спасување од затворање на престапниците, па и самите се вградуваат во „злосторничкото здружение“
Затоа претставува цинизам повикувањето на Уставот во контекст на договорите со Бугарија и Грција. Станува збор за тоа дека творението на Груевски и Иванов е можно во услови на аномија, а Европа се темели врз владеење на правото и го гони криминалот и корупцијата. Оттука конститутивен дел на груевизмот е изолационизмот, ксенофобијата, антизападната ориентација, илустрирана со морбидните некролози на западните амбасадори!
Една таква деградирана Македонија на Груевски и Иванов новата власт ја отвори и ја претвори во кредибилен партнер за добрососедство и пријателство и за евро и евроатлантска интеграција. За неа Бугарија,Грција, ЕУ, НАТО, ООН не се непријателски странски сили, не се лошиот свет, туку реални ентитети на едно соѕвездие, како и ние, опфатени со споделени вредности. Со исто ѝ се враќа од Бугарија, Грција и од другите споменати ентитети.
Интегративниот процес не само што не се одлага, туку веќе тече. Македонското прашање добива решение какво што не ѝ успеало ни на ВМРО, ни на комунистичката власт. Македонскиот ентитет (идентитетот и јазикот) универзално се признава , се помируваат историјата, географијата и политиката; Македонија се обединува во обединет Балкан, во обединета Европа.
Неизбежен дел на тој процес се правосудните пресуди на членовите на „злосторничко здружение“. Мицкоски и Иванов институциите претседател на партијата и претседател на државата ги злоупотребуваат за спасување од затворање на престапниците, па и самите се вградуваат во „злосторничкото здружение“. Членството и симпатизерите на партијата, наместо да викаат по карванот што ита кон Брисел, реално имаат причина да протестираат против нив двајцата.
За да спречат растворање на партијата во црна дупка. За да станат дел од карванот. Македонци и Европјани од Северна Македонија.