Регион

Косово: Министерката за надворешни работи, се најде на удар на критики

Доника Гервала. Фото: Урим Красниќи/БИРН

Абелард Тахири, шеф на парламентарната група на ДПК, денеска побара смена на вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Доника Гервала, бидејќи таа во 2016 година изјави дека е подготвена да проследи доказите до Специјализираните совети на Косово (ССК), чие седиште е во Хаг.

Среде вжештената атмосфера во Собранието, Тахири на Гервала ѝ рече дека донела „срам“ за косовската дипломатија и го повика премиерот Албин Курти, да ја смени.

Тахири нагласи дека СВК е основана поради „лажните факти од Белград“ и дека Гервала е на иста линија со српските ставови кон судот.

„Како ПДК, не можеме да му дозволиме на еден министер, да зборува користејќи наратив изграден во Белград. Го молиме премиерот Курти, што побрзо да го смени овој неодговорен министер“, истакна Тахири на прес-конференција, по седницата на Собранието.

Гервала негираше дека некогаш била сведок на ССК и наведе дека ПДК е одговорна за формирањето на таканаречениот Специјален суд, пред кој на поранешните припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), ќе им се суди за воени злосторства.

„Не само што не се борите и не презедовте ништо за гонење на повоените злосторства, туку успеавте да избегнете и гонење на злосторствата во Косово. Затоа, вие сте тие, кои го овозможивте Специјалниот суд“, му одговори Гервала.

Таа и во минатото даде изјава дека поранешниот лидер на ДПК, Кадри Весели е „шеф на организацијата што ги извршила злосторствата“.

Весели во моментов е во Хаг, заедно со уште тројца поранешни лидери на ОВК и истакнати политичари, меѓу кои е и поранешниот претседател, Хашим Тачи, кои чекаат да им се суди, по обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото. Сите четворица се изјаснија за невини.

ССК се формирани со цел да ги гонат злосторствата, наводно, извршени за време и веднаш по војната во Косово од 1998-2000 година.

ССК се дел од судскиот систем на Косово, со седиште во Холандија, а се екипирани со меѓународен кадар, поради стравување дека судскиот систем на Косово не е доволно подготвен да ги истражи ваквите чувствителни случаи и да ги заштити сведоците.

Но, голем дел од Албанците во Косово т.н. Специјален суд го сметаат за навреда на војната на ОВК, за ослободување од српското владеење.