Регион

Косово: На годишнината од масакрот во Љубениќ, жртвите повторно погребани

Семејствата од село Љубениќ, Косово, одбележуваат 20 години од масовните убиства извршени од српските сили

 

Српското обвинителство подигна обвиненија против 11 поранешни припадници на 177 интервенциски одред на ВЈ, за воени злосторства во косовските села Ќушка, Пављан, Захач и Љубениќ, извршени во пролетта 1999 година.

Обвинетите првично, во февруари 2014 година, беа осудени на вкупно 106 години затвор, за убиство на најмалку 118 цивили, косовски Албанци.

Но, Апелацискиот суд во 2015 ги поништи пресудите и случајот го врати на повторно судење, кое сѐ уште трае.

Документарецот на БИРН „Неидентификувани“, го открива обемот на злосторствата извршени во гореспоменатите четири села на Косово во 1999 година, како и командната структура на полициските и воените единици вклучени во овие злосторства.