Вести

Македонските студенти ги „ослободуваат“ универзитетите

Во нова форма на протести против неодамна усвоениот Закон за високо образование кој според многумина се коси со автономијата на универзитетите, македонските студенти окупираа неколку клучни објекти во Скопје и прогласија „автономна студентска територија“.

Студентите бараат итно одложување на новиот Закон за високо образование најмалку до 2018 година | Фото: Синиша Јаков Марушиќ

Студентите бараат итно одложување на новиот Закон за високо образование најмалку до 2018 година | Фото: Синиша Јаков Марушиќ

Повеќе од илјада студенти денеска го преплавија комплексот во кој се наоѓаат државните Филозофски, Филолошки, Правен и Економски факултет и прогласија „автономна студентска територија“.

Студентите бараат итно одложување на новиот Закон за високо образование предложен од Владата и време за подготовка на нов најмалку до 2018 година. Во меѓувреме, тие бараат суштински разговори со Владата при подготовката на нови закони, укажувајќи дека досега биле целосно игнорирани и манипулирани.

„Ќе останеме тука сè додека не се исполнат нашите барања. Тука ќе спиеме и ќе јадеме. Ги повикуваме сите студенти да ни се придружат на нашата автономна територија, бидејќи заедно сме посилни“, рекоа младите академски граѓани.

„Ќе останеме тука сè додека не се исполнат нашите барања. Тука ќе спиеме и ќе јадеме“, велат младите академски граѓани | Фото: Синиша Јаков Марушиќ

„Ќе останеме тука сè додека не се исполнат нашите барања. Тука ќе спиеме и ќе јадеме“, велат младите академски граѓани | Фото: Синиша Јаков Марушиќ

Тие обединети во Студентски пленум ја добија поддршката од многу од нивните професори кои и самите се организираа во таканаречениот Професорски пленум.

Вооружени со пароли „Нема правда, нема мир“, „Не сте свесни колку сме бесни“ и „Окупираме за да ослободиме“, како и со свирчиња, торби храна и шишиња вода, студентите побараа помош и поддршка од сите кои ја поддржуваат нивната кауза.

Студентите бараат помош и поддршка од сите кои ја поддржуваат нивната кауза | Фото: Синиша Јаков Марушиќ

Студентите бараат помош и поддршка од сите кои ја поддржуваат нивната кауза | Фото: Синиша Јаков Марушиќ

Најавено е дека на автономната универзитетска териоторија ќе се организираат предавања, концерти и други настани, а во тек се подготовки на „окупирање за ослободување“ и на другите факултети во Скопје.

Најавено е дека на автономната универзитетска териоторија ќе се организираат предавања, концерти и други настани | Фото: Синиша Јаков Марушиќ

Најавено е дека на автономната универзитетска териоторија ќе се организираат предавања, концерти и други настани | Фото: Синиша Јаков Марушиќ

Окупирањето на факултетите се случи откако минатиот петок премиерот Никола Груевски го смени мислењето и ги повика студентите на состанок на кој ги извести дека е подготвен да го одложи законот за една година, но во Собранието се поднесоа измени кои одложуваа само некои делови од спорниот закон.