Без промени: Нема промени во односот кон засегнатата страна во написите од аспект на нејзино консултирање. И во 2013 година и во 2016 година, во 63% од написите не е консултирана засегнатата страна во приказната.
Засегнатата страна во текстот/приказната не е консултирана во речиси две третини од написите (63%). Во написите во кои таа е консултирана, во третина (33%) од случаите дала изјава, а само во 4% од написите, засегнатата страна е консултирана но не сакала да даде изјава. Со ова, написите губат на објективноста, бидејќи со тоа што не е консултирана засегнатата страна се доведува во прашање фер третманот што мора да е задолжителен елемент на секој новинарски текст. Фер третманот значи дека сите страни вклучени во приказната се третираат без фаворизирање, а во случајов, со неконсултирање на засегнатата страна во две третини од написите, некоја друга страна добила фаворизирачки третман.