Повеќе написи врз основа на автентични настани: „Диригираните“ настани како повод за новинарски написи биле помалку застапени во 2016, отколку во 2013 година, наспроти актуелните и автентичните настани кои биле повод за многу повеќе написи.
Речиси во еднаков број написи од поширок општествен интерес повод биле „креирани“ или псевдонастани (41%) и актуелни или оригинални настани (38%). Во 13% од написите не може да се оцени поводот што довел кон пишување и објавување на текстот, а во 8% станувало збор за оригинално истражување на новинарот.
Има значително подобрување во оваа смисла во однос на 2013 година кога псевдонастаните биле повод за дури 60% од написите, за разлика од 2016 година кога овие настани биле повод за 41% од написите. Спротивно, актуелен или автентичен настан бил повод само за 18% од написите, додека во 2016 година овој процент се зголемил за повеќе од двојно, на 38%. Оригинално истражување на новинарот како повод за настанот останало на речиси идентично ниво. Иако има говори за тоа дека, иако станува збор за теми од поширок општествен интерес, сепак информирањето на медиумите за овие теми, главно, го „диригираат“ фактори надвор од медиумите. Со ова, медиумите не ја остваруваат целосно својата многу значајната улога во општеството, а граѓаните не добиваат независни и објективни информации кои им се потребни за носење важни одлуки за нивното секојдневно живеење и работење.