Повеќе страни се вклучени во приказните: За разлика од 2013 година, во 2016 година застапеноста на написите со две и повеќе страни е зголемена, за сметка на намалувањето на бројот на написите во кои е застапена само една страна.
Една страна во приказната имаат 53% од написите, додека во 30% се претставени двете страни, а во 15% повеќе страни во приказната. Избалансираност на изворите, односно претставување на двете (или повеќе) страни во приказната е едно од најсуштинските правила на новинарската професија. Со тоа претставувањето само на едната страна во приказната, ја доведува во прашање објективноста.
Кај застапеноста на страните во написите има едно од најзначајните подобрувања во начинот на којшто медиумите известувале за темите од поширок општествен интерес во 2016, во однос на 2013 година. Ако во 2013 година една страна имало во 66% од написите, овој процент во 2016 година е намален на 53%. Подобрување има и кај бројот на написите со две или повеќе страни и тоа, застапеноста на написите со две страни е зголемена од 21% на 30%, а на оние со повеќе од две, од 6% на 15%.