Актуелно

Оглас за вработување новинари

Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) распишува конкурс за следниве работни позиции со полно работно време (40 часа неделно).

Новинар со искуство:

  • Завршено високо образование (предност ќе се даде на кандидати со завршени студии по новинарство, медиуми и комуникации или други сродни области);
  • Минимум пет години новинарско искуство;
  • Солидни новинарски и стилски вештини;
  • Познавање на професионалните и етичките новинарски стандарди;
  • Познавање на поширокиот медиумски и политички контекст;
  • Способност за тимска работа;
  • Способност за работа под притисок;
  • Способност за користење локални и глобални бази на податоци;
  • Аналитички способности
  • Одлично познавање англиски јазик;
  • Компјутерска писменост со напредно познавање на основните компјутерски програми од пакетот MS Office (Word, PPP, Excel, Outlook), а познавањето напредни софтверски алатки за анализа и визуализација на податоци ќе се смета за предност;
  • Практичното искуство и напредни вештини во користење фото и видеоопрема, како и софтвер за мултимедијална обработка е предност;
  • Заинтересираните кандидати, својата кратка биографија (CV), мотивациско писмо и минимум три објавени стории (печат, онлајн, видео, аудио)  треба да ги пратат најдоцна до први февруари на следнава електронска адреса: birnmk@birnnetwork.org .
  • Апликациите на кандидатите што не ги исполнуваат наведените услови и што нема да бидат испратени до предвидениот рок, нема да бидат разгледувани. Само кандидатите што ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Ве молиме, без телефонски јавувања.

Новинар почетник:

  • Завршено високо образование (предност ќе се даде на кандидати со завршени студии по новинарство, медиуми и комуникации или други сродни области);
  • Желба за учење
  • Добри пишувачки вештини
  • Познавање на професионалните и етичките новинарски стандарди;
  • Способност за тимска работа;
  • Способност за работа под притисок;
  • Одговорност
  • Исполнителност
  • Самоиницијативност
  • Одлично познавање англиски јазик;
  • Компјутерска писменост со напредно познавање на основните компјутерски програми од пакетот MS Office (Word, PPP, Excel, Outlook), а познавањето напредни софтверски алатки за анализа и визуализација на податоци ќе се смета за предност;
  • Афинитет за користење фото и видеоопрема, како и софтвер за мултимедијална обработка е предност;
  • Заинтересираните кандидати, својата кратка биографија (CV), мотивациско писмо треба да ги пратат најдоцна до 1. февруари 2023 година на следнава електронска адреса: birnmk@birnnetwork.org  