Турскиот суд, денеска ја ослободи познатата независна новинарка Седеф Кабас, која беше осудена на затвор поради навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Кабас беше ослободена на првото судско рочиште со супербрза пресуда, откако претходно беше осудена на две години и четири месеци затвор за навреда на претседателот со рецитирање на позната поговорка.
Кабас пред судот, каде што рочиштето го следеа групите за права, синдикати и опозициски партии, рече дека ќе продолжи да ги кажува своите мислења во јавноста.
„Ќе продолжам да ја кажувам вистината, и покрај искуствата низ кои јас и другите минуваме“, рече Кабас.
Таа беше испратена во затвор на 22 јануари поради цитирање на поговорката дека „ Бик не станува крал само со влегување во палатата; туку палатата станува штала“.
Според официјалните податоци, до крајот на 2020 година, повеќе од 160.000 луѓе биле под истрага за наводни навреди кон претседателот Ердоган, а повеќе од 38.000 луѓе биле судени од истата причина за време мандатот на Ердоган како премиер, а потоа и претседател од 2002 година.
Турција е под постојан меѓународен притисок за промена на Законот за навреда.