Прирачник

Во потрага по истражувачкото новинарство

Што ја прави една новинарска сторија истражувачка? Дали е доволно да откриеме нешто што досега не било објавено? Дали секоја ексклузивна информација е истражување? Разликата не е секогаш очигледна, особено кога речиси секојдневно читаме текстови што се претставуваат како истражувачки. А зад истата ознака можат да стојат сосема различни новинарски, а понекогаш и неновинарски постапки, од објавување добиен документ до повеќемесечно самостојно истражување. Затоа е важно да разграничиме што навистина претставува истражувачко новинарство, а што само така се нарекува.

Во овој дел
Назад кон прирачникот