Вести

СДСМ продолжува со бомбите, Груевски се вади на странските служби

Според Груевски, Македонија била цел на прислушување на странска служба, во која Заев се вклучил кон средината на 2014 година и сакал да ги употреби сниманите материјали за да издејствува формирање техничка Влада. Премиерот излезе на прес-конференција само половина час откако СДСМ обвини дека власта прислушувала стотина новинари.

Премиерот Никола Груевски демантира дека македонската Управа за безбедност и контраразузнавање прислушувала високи функционери, граѓани, новинари и претставници на опозицијата, но не го соопштува името на странската служба по чија нарачка наводно биле спроведувано прислушувањето.

На денешната прес-конференција Груевски изнесе низа детали од истрагата за случајот „Пуч“. На новинарско прашање зошто премиерот, а не надлежните институции како МВР или обвинителството не излегуваат со детали, тој кратко одговори: „Затоа што така сакам“.

Според Груевски, Македонија била цел на прислушување на странска служба, во која Заев се вклучил кон средината на 2014 година и сакал да ги употреби сниманите материјали за да издејствува формирање техничка Влада.

Главен соработник на странската служба, според зборовите на Груевски, е лицето З.В (Зоран Верушевски, првоосомничен во случајот „Пуч“) кој развил своја мрежа во Македонија

Главен соработник на странската служба, според зборовите на Груевски, е лицето З.В (Зоран Верушевски, првоосомничен во случајот „Пуч“) кој развил своја мрежа во Македонија

„Овде играта не е Зоран Заев, тој е само еден најобичен инструмент, камиказа, овде играта е многу поголема, преголема за неговите сфаќања“, рече тој.

Тој вели дека обвинителството, по негова пријава, монтирало, а потоа демонтирало камера во неговиот кабинет, откако Заев наводно го уценувал премиерот. Вака премиерот ги објасни снимките од средбите во неговиот кабинет со лидерот на СДСМ кои беа објавени на каналот Јутјуб, а беа обезбедени со употреба на посебни истражни мерки.

Главен соработник на странската служба, според зборовите на Груевски, е лицето З.В (н.з. Зоран Верушевски, првоосомничен во случајот „Пуч“) кој развил своја мрежа во Македонија. Материјалот кој наводно бил најден во компјутерот на Верушевски бил преведуван, што според Груевски, значи дека бил наменет за странци кои не го знаат македонскиот јазик и недоволно добро ги знаат политичките и јавни лица во Македонија.

За ова, според Груевски кој информациите ги добил од МВР, постоеле два начини.

Првиот начин, според него, е тоа што Верушевски врбувал две лица од МВР кои му помагале во снимањето, а за возврат добивале пари и акции. Едниот од нив, Ѕвонко Костовски, денеска пред судот ги признал делата и веднаш бил осуден на три години затвор.

„Костовски дал признание за сите аспекти, актери, дејствија, околности и други детали поврзани со овој случај“, објавија провладините медиуми петнаесетина минути пред почетокот на прес-конференцијата на Груевски.

Вториот начин, како што рече Груевски, за тоа како се снимало е со таканаречена „мобилна тактичка опрема“.

„Откако Заев почна да ме уценува, МВР покани експерти од странска позната компанија која утврди дека повремено и на различни локации, главно во центарот на Скопје, непознат сторител врши прислушување на телефонски разговори“, рече Груевски.

Според него, „професионалците од висок калибар“, како што ги нарече, користејќи мобилна опрема чија локација постојано се менувала, работеле по принцип на „клонирање базни станици“.

„МВР има писмен извештај за ова, но досега не успеа да ги лоцира сторителите и истрагата не е завршена“, рече Груевски, објаснувајќи го текот на истрагата и додавајќи дека „Македонија била таргет на странска разузнавачка служба потпомогната од македонски соработници“.

„Директните извршители се фатени, а за другите ќе следи судска постапка“.

Груевски децидно одби да каже која е странската служба која наводно прислушувала телефонски разговори во Македонија.

„Немаат ниту еден доказ дека сме прислушувале“, рече тој.

Според него, судската постапка ќе покаже дали снимените разговори кои ги презентираше опозициската СДСМ се веродостојни.

На прашањето дали премиерот се чувствува загрозено, тој кратко одговори: „Да, секако“.

На сите останати прашања, како е можно две лица да прислушуваат 20.000 граѓани, како македонските институции за четири години не успеале да лоцираат дека странска служба прислушува и како протекло во јавност видеото од разговорот меѓу премиерот и Заев, кое се снимало по налог на обвинител, Груевски се повика на судската постапка.

Пукна и четвртата бомба: Прислушувани стотина новинари

Половина час пред обраќањето на премиерот Никола Груевски, лидерот на СДСМ ја објави четвртата по ред политичка бомба. Тој рече дека повеќе од 100 новинари биле прислушувани од УБК. На листата се наоѓаат голем број уредници и новинари за кои наводно биле изготвувани посебни извештаи од нивните телефонски разговори. Според Заев, сето ова било правено без налог од истражните органи.

СДСМ објави снимки од шест разговори кои, според Заев, ја потврдуваат спрегата „премиер-УБК-медиуми“.

Најдолго прислушуван, според Заев, бил Никола Младенов, поранешен сопственик и уредник во неделникот „Фокус“ кој загина под сомнителни околности во сообраќајна несреќа.

СДСМ објави снимки од шест разговори кои, според Заев, ја потврдуваат спрегата „премиер – УБК -медиуми“.

Од првата презентирана снимка, на која според Заев, е гласот на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, се слуша како таа со шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протоѓер, договараат како да пласираат вести и во кои медиуми.

„Кого да пуштам кај Иво, кажи ми“, прашува машкиот глас.

„Еми ти кој ќе речеш, кој ти е вака нај…“, одговара женскиот глас.

„Сител ќе го пуштам Ранду да дојде и од Канал 5 Ѓорѓи Томиќ да дојде“, вели машкиот глас.

Во вториот разговор, кој наводно се води меѓу министерката за култура Елизабета Канчевска – Милевска и уредникот на „Сител“ Драган Павловиќ – Латас, министерката реагира зошто одреден прилог бил пуштен доцна во вестите.

„Вчера имаше 7 прилога од вкупно 12, кои идеа по порачка“, одговара гласот за кој Заев тврди дека е на Латас.

Во трет разговор, наводно Јанкулоска во разговор со портаролот на МВР Иво Котевски, забранува да се емитува одредена емисија на МТВ или во спротивно „новинарката ќе летала од работа“.

Четвртиот разговор наводно се води меѓу директорот на УБК Сашо Мијалков и уредникот на „Сител“ Павловиќ – Латас. Мијалков, според Заев, го прашува Латас зошто вестите не се емитуваат во 21 часот, туку подоцна.

„И сеа најде да се дига рејтинг, ја ви вршам прљавата работа, ви го средувам Велија (н.з.Велија Рамковски, сопственик на поранешната А1 телевизија) на мој начин, а сега некој ќе пушта у 9 саат забавна програма и ќе дига гледаност сред кампања“, вели гласот за кој СДСМ тврди дека е на Мијалков.

Петтиот презентиран разговор, кој според лидерот на СДСМ се води меѓу Јанкуловска и Мијалков, сведочи за интервенции во работата на весниците (н.з Вест, Дневник, Утрински Весник) што ги издава компанијата Медиа Принт Македонија (МПМ). Мијалков во разговорот ја прашува Јанкуловска дали се јавил Срѓан (н.з. Срѓан Керим, директор на МПМ ), на што таа одговара дека се слушнала и му дала податоци на Керим: „Имаат они таму некој комуњар што ги бутка темиве“. Мијалков ја уверува дека не треба да се секира: „Тоа што е под нивната групација, тие три весници, уживај, остави ми го тоа мене уште неколку дена и сето тоа има да биде средено“.

За првпат денеска СДСМ објави снимка за која Заев тврди дека е на премиерот Никола Груевски кој разговора со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Заев вели дека тој од министерот барал од сметката на АЕК да префрли половина милион евра исплата за направени документарни филмови „за македонската борба за слобода и независност“.

По прес-конференцијата на СДСМ, со реакција се јави Министерството за внатрешни работи, од каде тврдат дека „хартиите што ги презентирал Заев не се документи на Управата за безбедност и контраразузнавање“.

„Министерството за внатрешни работи и УБК во време на сегашното раководство никогаш ниту незаконски следеле ниту правеле анализи на новинари“, стои во реакцијата.

Новинарите со папки од прислушувани разговори излегоа од СДСМ

Денешната прес-конференција на СДСМ беше една од најпосетуваните. Голем број новинари чекаа да заврши прес-конференцијата, за да си ги подигнат папките од извештаите што наводно ги правела УБК од нивните прислушувани разговори.

Биљана Секуловска, Горан Михајловски, Катерина Блажевска, Сашка Цветковска, Мери Јордановска, Јадранка Костова, Борјан Јовановски, Младен Чадиковски, Оливера Трајковска, Горан Петрески, Анета Додевска, Александар Чомовски, Мухамед Зекири, Снежана Лупевска, Бранко Героски, Жарко Јордановски, Ирена Мулачка и Влатко Стојановски се само дел од стотината следени новинари од страна на тајната полиција.

Заев рече дека повеќе од 100 новинари биле прислушувани од УБК. На листата се наоѓаат голем број уредници и новинари за кои наводно биле изготвувани посебни извештаи од нивните телефонски разговори

Заев рече дека повеќе од 100 новинари биле прислушувани од УБК. На листата се наоѓаат голем број уредници и новинари за кои наводно биле изготвувани посебни извештаи од нивните телефонски разговори

Новинарите изјавија дека ќе бараат одговорност.

„Од она што можев да го видам начелно од документите што мене ми беа предадени, станува збор за исклучително долг период, некаде под затворањето на А1 па до некое скоро време“, вели уредничката од ТВ „24 вести“ Анета Додевска.

Сашка Цветковска од Нова ТВ рече дека мобилните оператори мора да објаснат како дошло до ситуација да бидат прислушувани телефоните на новинарите.

„Ние не сме непријатели на својата држава. Ќе бараме одговорност за сето ова време во кое сме биле следени и слушани, но пред сè сакаме да знаеме како тоа дошло мобилните оператори да одобрат прислушување на толку многу луѓе“.

Голем број новинари чекаа да заврши прес-конференцијата, за да си ги подигнат папките од извештаите што наводно ги правела УБК од нивните прислушувани разговори.

Голем број новинари чекаа да заврши прес-конференцијата, за да си ги подигнат папките од извештаите што наводно ги правела УБК од нивните прислушувани разговори.

Мухамед Зекири од телевизијата „Алсат –М“ рече дека не е воопшто изненаден од констатацијата дека бил прислушуван.

„Можам да кажам дека сум горд, како што треба да бидат и сите мои колеги кои биле прислушувани од оваа тоталитарна власт, затоа што имале критично мислење. Ние треба да сме горди затоа што на време сме биле визионери и сме знаеле со кого си имаме работа. Но на ова мора да се стави крај, ние мора да пратиме порака дека сите ние сме Никола Младенов“, рече главниот уредник на телевизијата.

Заев изјави дека најприслушуван новинар од критички настроените медиуми бил поранешниот уредник на неделникот „Фокус“ Никола Младенов, но дека снимките од оправдани причини нема да бидат објавени.

„За тоа ќе оставиме да одлучи семејството“, рече Заев.